Powered By Blogger

9. 9. 2015.

Мата ја квалификува Шпанија и ја закова Македонија на дното од групата

СО ЧЕТВОРИЦА БИТОЛЧАНИ ВО ПОЧЕТНИОТ СОСТАВ, МАКЕДОНИЈА МИНИМАЛНО ЗАГУБИ ОД ЕВРОПСКИОТ ПРВАК ВО СКОПЈЕ
Квалификации за ЕП - 2016 година
Македонија -Шпанија 0:1 (0:1)

Македонија загуби од Шпанија со 0:1 (0:1) во натпреварот од Ц групата од квалификациите за пласман на Европското првенство. Селекторот на нашата репрезентација извади изненадувачки тим во кој од првата минута почнаа четворица битолчани: Пачовски, Брдаровски, Ристевски и Ивановски.
Шпанците славеа со среќниот гол на Хуан Мата во 8 минута и освоија три бода со што го обезбедија учеството на Еевропското првенство во Франција, додека Македонија остана закована на последното место во групата. Почетното испитување на силите и летаргијата која владееше на теренот ја разби Хуан Мата кој во осмата минута го совлада Пачовски. Играчот на Манчестер Јунајтед нафрли од десната страна, топката доби чудна патека и заврши зад грбот на Томе Пачовски, кој не го процени нејзиниот лет и таа го изненади.

Нема коментара:

Постави коментар