Powered By Blogger

23. 9. 2015.

„Чкембарите“ им парираа на ветераните на Пелистер

РЕВИЈА ВО СПОРТСКАТА САЛА „МЛАДОСТ„ ПО ПОВОД 30 ГОДИНИ - НАВИВАЧКА ГРУПА ЧКЕМБАРИ
Како прва манифестација по повод 30 годишнината од постоењето на навивачката група „Чкембари“ членови на навивачите одиграа футсал меч со ветераните на Пелистер. Мечот го следеа 1000 гледачи, а на крајот заврши мирољубиво 2:2 (1:1).
Најталентираните навивачи му одолеаа на бившите пелистерци Митко Стојковски, Неџат Хусеин, Горан Ставревски, Тони Мицевски, Ванчо Мицевски, Кире Грозданов, Златко Цветановски, Драган Димитровски, Сашо Петровски, Борче Јовановски и уште многу други.
Во недостиг на многу квалитетен фудбал под Тумбе кафе, битолските вљубеници во овој спорт, уживаа во мајсториите на ветераните.

Нема коментара:

Постави коментар