Powered By Blogger

19. 9. 2015.

Нов гол на Главевски, ново реми на Пелистер

ПРОДОЛЖУВА НЕПОРАЗЕНОСТА НА БИТОЛЧАНИ, НО И ТЕШКОТИИТЕ ДА СЕ ДОЈДЕ ДО ПОБЕДА ВО ВТОРАТА ЛИГА
Втора фудбалска лига - 5- коло 
Еуромилк - Пелистер 1:1 (1:1)

Стадион во Горно Лисиче - Скопје. Гледачи: 300
Главен судија: Стојанче Стојанов (Штип)
Асистенти: Саше Иванов (Штип) и Дарко Тодоров (Свети НИколе)
Делегат: Ацо Алексоски (Долнени)
Стрелци: Јашаровски од пенал во 44 минута за Еуромилк, а Главевски во 22 минута за Пелистер
Жолти картони: Алији, Давчевски (Еуромилк), Недановски (Пелистер)
Црвени картони: нема

Еуромилк:
Јаневски, Цветановски, Иловски, М. Христов, Јашаровски (од 82м. Ристовски) Давчевски, Ѓорѓиевски, Чичевски (од 42м. Х. Христов), С. Христов, Алији, Ристевски
  
Пелистер:
Пашовски, Додевски (од 52м. Тодоровски) , Главевски, Ацески, Недановски, Лампевски, Трајковски (од 67м. Миленковски), Трпески, Димитриоски, Петковски, Љамчевски

Нерешниот резултат останува најчест оваа есен за фудбалерите на Пелистер во Втората фудбалска лига. По четврт пат во пет натпревари, екипата на Зоран Штерјовски одигра нерешено и тоа пак 1:1, како и со Влазерими, Гостивар и Победа. Во скопската населба, Горно Лисиче зелените поведоа точно на средината од првиот дел со петтиот гол оваа сезона на Благојче Главевски. Тамам помислија дека ќе одат со предност на полувреме, битолчани примија гол. Најискусниот домашен фудбалер, Ален Јашаровски со гол од пенал израмни на 1:1. Пелистер пропушти шанса да отиде на одмор со предност, бидејќи играше подобро од противникот во првиот дел. Но затоа во продолжението, Еуромилк заигра поангажирано и беше поактивен. Сепак и покрај влегувањето на Миленковски од 67 минута, Пелистер не создаваше зрели шанси и мораше да се задоволи со поделба на пленот. Со 7 бода од можните 15, Пелистер е скоро на 50% учинок и со нетрпение го очекува дербито со Тетекс (двете екипи кои минатата сезона испаднаа од првата лига) наредната сабота во Прилеп. Тој меч ќе биде завршна прослава на битолските навивачи „Чкембари„ кои наредната недела ќе прославуваат 30 години постоење.  

Нема коментара:

Постави коментар