Powered By Blogger

29. 9. 2015.

„Вечното дерби“ секогаш ги мотивира пелистерци

ИАКО ВО РАЗЛИЧНИ КАТЕГОРИИ, ВАРДАР И ПЕЛИСТЕР ЌЕ СЕ СРЕТНАТ И ОВАА СЕЗОНА
Освен ремито со Тетекс и проблемите со повредени фудбалери, пелистерци имаат уште една голема преокупација во името на наредниот противник. Иако шампионатот е голем приоритет пред Купот, утре во Скопје Пелистер ќе му гостува на Вардар во осминафиналето на најмасовното натпреварување во нашата земја.
Тренерот Штерјовски и против „штофарите“ имаше големи проблеми со составувањето на тимот, а ќе ги има и во среда. Повредени се скоро сите централни дефанзивци, па сигурно нема да играат Додевски и Степановски, се повреди и Ацески уште во првиот дел на мечот во саботата. Мотивацијата за овој меч не е доведена во прашање, но дилема е со каков тим битолчани ќе излезат на мегдан против шампионот. Ќе се сретнат две екипи кои и натаму немаат пораз во официјален натпревар оваа сезона, а како никогаш до сега Вардар е фаворит за пласман во четвртфиналето. Најавено е гостување на „Чкембарите“ кои минатата недела прославија 30 години од своето постоење. Зоран Штерјовски би бил пресреќен ако Пелистер пред реваншот се врати со позитивен резултат, но извесно е дека голем приоритет ќе има и саботното гостување кај Скопје во рамките од 7 коло на Втората фудбалска лига. 

Нема коментара:

Постави коментар