Powered By Blogger

27. 9. 2015.

„Зелените“ се разгоропадија за лесна победа против Тинекс Пролет

ПО ПОРАЗОТ ВО ПРИЛЕП, ПЕЛИСТЕР СЕ ОПОРАВИ СО УБЕДЛИВА ПОБЕДА ПРОТИВ ТИНЕКС ПРОЛЕТ
Пелистер - Тинекс Пролет 30:21 (14:8)

Ракометарите на Пелистер одговорија на „фрлената ракавица“ и на денот на кој ракометот во Битола прослави 60 години постоење, а навивачката група „Чкембари“ три децении од своето формирање, го совлада Тинекс Пролет со 9 гола разлика. Битолчани, добро беа мотивирани за овој меч, па сега не оставија ништо на случајност.
Новото засилување Младен Чачиќ постигна 6 гола во триумфот на Пелистер над Пролет од 30:21 (14:8). Уште по првото полувреме беше јасно кој е поблиску до бодовите, зашто Пелистер водеше со +6. Петар Топиќ постигна 6 гола, а Стефан Дрогишки додаде уште 5 за Пелистер. Кај гостите, Мајнов, Јовановски и Андоновски постигнаа по 5 гола. Во спортската сала „Младост“ близу 2500 гледачи дојдоа да го подржат новиот проект на пелистерци и цел натпревар навиваа за избраниците на Николовски. Екипата покажа карактер по поразот во Прилеп и со тоа се врати и позитивната клима во соблекувалната. Во наредното трето коло, битолчани му гостуваат на Вардар 2, каде тренер е бившиот пелистерец и легенда на нашиот ракомет, Пепи Манасков.

Нема коментара:

Постави коментар