Powered By Blogger

9. 9. 2015.

Две победи и два порази за пелистерци на српската турнеа

ПО ЕДНА НЕДЕЛА МИНАТА ВО СРБИЈА, ПЕЛИСТЕРЦИ ГИ СУМИРААТ ВПЕЧАТОЦИТЕ ПО ВРАЌАЊЕТО ВО БИТОЛА
Битолски Пелистер со половичен резултат од две победи и два пораза се врати од турнејата низ Србија. Битолскиот суперлигаш се радуваше во контролите со Аранѓеловац (25:24) и Велика Плана (24:23), додека забележа негативен резултат во пријателските средби со Крагуевац (26:24) и со Пожега (30:19).
Зелените настапија без Вељановски и Рајатовски, а на дел од средбите паузираа и капитенот Дрогришки, како и Николиќ и Топиќ „Одигравме четири квалитетни контроли кои ни покажаа до каде сме во моментов. На сите натпревари не игравме во комплетен состав со оглед на ситните повреди кај дел од играчите. Не сакавме да ризикуваме во пресрет на стартот на сезоната, па со нас не патуваа Вељановски и Рајатовски, а на дел од дуелите одмораа и Дрогришки, Николиќ и Топиќ„ истакна за „Македонски спорт„ тренерот Игор Николовски.

Нема коментара:

Постави коментар