Powered By Blogger

21. 9. 2015.

„Чкембарите„ слават 30 години постоење

НА ОФИЦИЈАЛНА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕТСТАВЕНА ПРОГРАМАТА НА ЈУБИЛЕЈОТ НА „ЧКЕМБАРИТЕ„
На денешната прес-конференцијата најстарата навивачка група во Македонија, битолските „Чкембари„ ја објавија програмата во неделата во која одбележуваат 30 години од своето постоење. Во периодот на општа криза на битолскиот спорт, најсветла точка останува приврзаноста на армијата навивачи на клубовите кои го носат името Пелистер.
Тие во текот на оваа недела ќе одиграат ревијален натпревар со ветераните на Пелистер, ќе организираат крводарителска акција, ќе дискутираат на трибина за состојбата во која се наоѓа битолскиот спорт. На крајот прославата ќе ја комплетираат на спортските терени, за време на следниот викенд, кога фудбалерите играат во Прилеп против Тетекс, а ракометарите во спортската сала „Младост„ играат против Тинекс Пролет. 


Нема коментара:

Постави коментар