Powered By Blogger

25. 9. 2015.

Конкретни предлози од „Чкембарите“ за излез од битолската спортска криза

ОДРЖАНА ТРИБИНА НА КОЈА СЕ ДИСКУТИРАШЕ ОКОЛУ ИДНИНАТА НА БИТОЛСКИОТ СПОРТ
На трибината која ја организираа навивачите а на која цел беше да се дискутира за кризата на битолскиот спорт, имаше голем број заинтересирани, но претставник само од ракометниот клуб. Координаторот на РК Пелистер, Стевче Стефановски го објасни новиот проект, но изостана расправа за случувањата во фудбалскиот клуб, иако присутни беа голем дел од фудбалерите на Пелистер.
Навивачите излегоа со конкретни предлози, во кои се заложија сите навивачи редовно да плаќаат билети за спортските натпревари во градот. Ветија подршка на сите клубови, посебно на ракометарите, а изразија и скептичност околу фудбалскиот клуб.
Заклучоците од трибината ќе бидат доставени до општина Битола, која е акционер во голем дел од битолските клубови. Денес на фудбалскиот меч од Втората лига помеѓу Пелистер и Тетекс во Прилеп и на ракометниот меч Пелистер - Тинекс Пролет, на спортските борилишта „Чкембарите“ ќе го заокружат своето неделно прославување на јубилејот. Истиот се поклопува и со јубилејот - 60 години ракомет во Битола, кој го организира РК Пелистер под мотото „Срце, душа, традиција„. 

Нема коментара:

Постави коментар