Powered By Blogger

27. 9. 2015.

Стравот од пораз ги порази и Пелистер и Тетекс на роденденот на „Чкембарите“

РЕМИ НА ЛАНСКИТЕ ПРВОЛИГАШИ ВО ДЕРБИТО ОД 5 - КОЛО НА ВТОРАТА ЛИГА ВО ПРИЛЕП
Втора фудбалска лига - 5 - коло
Пелистер - Тетекс 0:0

Градски стадион „Гоце Делчев“ - Прилеп. Гледачи: 500
Главен судија: Марјан Ецкоски (Охрид)
Асистенти: Ацо Мацевски (Струга) и Рамче Бакрачески (Струга)
Делегат: Хајро Бабачиќ (Скопје)
Стрелци: нема
Жолти картони: Стојковски, Трајковски, Главевски (Пелистер), Јовановски, Демир (Тетекс)
Црвени картони: нема 

Пелистер:
Пашовски, Јоциќ (од 60м. Лампевски), Тодоровски, Главевски, Ацески (од 40м. Стојковски), Димитриоски, Трајковски (од 65м. Недановски), Трпески, Лавуровски, Петковски, Љамчевски

Тетекс:
Павлов, Демир, Атанасковски, Стојковски, Блажевски, Чеволи (од 70м. Божиновски), Петров (од 89м. Аљија), Јовановски, Тошевски, Попзлатанов (од 76м. Идризи), Деспотовски

И покрај силните најави, фудбалерите на Пелистер не успеаа да му подарат победа на своите навивачи по повод 30 нивни роденден. Главниот проблем за тренерот на пелистерци, Зоран Штерјовски беше неиграњето на целата одбрана, како и повредата на Нове Ацески во финишот на првиот дел. Во многу изедначен, но не и квалитетен натпревар, ниту Пелистер, ниту Тетекс не создадоа премногу зрели шанси за гол и делуваа како да се задоволни и со бод. Пелистер беше најблиску до водство по шансите на Главевски во 31 и Недановски во 79 минута. Кај Тетекс одлично играа страничните фудбалери, но реализацијата кај момците на Михајлов не беше на висината на задачата. Во бледото попладне во Прилеп, најсветла точка беа навивачите и нивната силна приврзаност кон Пелистер и покрај променливите резултати. Со 8 бода од 5 одиграни натпревари, битолчани се скоро на половичен учинок и заостануваат 5 бода зад лидерот Македонија Ѓ.П.

Нема коментара:

Постави коментар