Powered By Blogger

23. 9. 2015.

Крводарителска акција како дел од јубилејот на „Чкембарите“

„ЧКЕМБАРИТЕ“ ДАРУВАА КРВ КАКО ДЕЛ ОД НИВНИОТ ТРИ ДЕЦЕНИСКИ ЈУБИЛЕЈ 
На вториот дел од прославата од три децении на најстарата навивачка група во Македонија, битолските навивачи „Чкембари“ на нивна иницијатива голем дел од сите членови, а и останатите битолчани даруваа крв во битолскиот „Црвен крст“.
Во претпладневниот термин „река“ од навивачи се вклучи во акцијата, која многу често ја практикуваат битолските спортисти и навивачи.
Скоро пет часа, навивачите пристигнуваа и даруваа крв. Наредната манифестација е утрешната трибина по повод состојбите на битолскиот спорт во салата на старата Општина Битола од 19 часот.  

Нема коментара:

Постави коментар