Powered By Blogger

11. 9. 2015.

Пелистер му се заблагодари на Марио Граб

ГРАБ НЕ ЗАДОВОЛИ И ПЕЛИСТЕР ЌЕ БАРА НОВ ДЕСЕН БЕК НА 8 ДЕНА ДО ПОЧЕТОКОТ НА ШАМПИОНАТОТ
Босанскиот интернационалец Марио Граб не е повеќе член на Пелистер. Тој мина еден месец на проба во битолскиот клуб, за кој одигра дел од турнирот во Прилеп и пријателски натпревари низ Србија, но веројатно не задоволи.
Левиот бек од Б и Х е слободен да си бара нов ангажман, а Пелистер на една недела до почетокот на шампионатот во Супер лигата е без класичен прв избор на позицијата десен бек. Во плановите на управата веројатно е доведување на уште еден ракометар на таа позиција, но нема да биде лесно да се пронајде некој по теркот на битолчани. Пелистер дебитира во Прилеп против соседниот ривал наредната сабота, а првиот меч на домашен терен го игра на 26 септември против Тинекс Пролет. 

Нема коментара:

Постави коментар