Powered By Blogger

9. 8. 2013.

Амбициите на Пелистер на испит кај „гипсарите„

ЕДЕН МЕСЕЦ ПО ПОРАЗОТ ВО ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧ ВО ОХРИД, ПЕЛИСТЕР КАЈ НА МЕГДАН СО РЕНОВА, ОВОЈ ПАТ ВО ТЕТОВО

Мечот со Ренова во битолските кулоари е означен како најзначаен за вистинските вредности на реновираниот тим на Пелистер. Победата над Еуромилк донесе спокој и мирна недела во која избраниците на Драган Бочевски го подготвуваа дуелот со „гипсарите„
На првото гостување на зелените се очекува дебито на Риад Демиќ, кој треба да донесе дополнителен квалитет во средниот ред на битолчани. Во комбинација е и Филип Миленковски, кој не играше против новиот прволигаш во првото коло, заради исклучувањето во бараж мечот со Скопје во јуни „Ако некој добро ја познава Ренова, тоа сигурно сум јас. Минав пет години во овој клуб и можам да ви кажам дека се работи за многу искусна екипа. Мислам дека нема да биде исто како на пријателскиот натпревар пред четири недели. Тогаш беше 0:0 се до 80 минута, кога примивме гол од пенал. Секој резултат освен пораз е успех за нас во Тетово„ ни рече Менде Степановски, столбот на одбраната на Пелистер. И капитенот Горан Пашовски верува во своите соиграчи и покрај името на противникот „Ќе бидеме посилни за разлика од првиот натпревар со враќањето на Миленковски. Добро работиме на тренинзи и мотивирани сме за ова гостување„ рече новиот капитен на пелистерци. Минатата сезона Пелистер по осум порази на гостувањата во мечеви за бодови, токму на теренот на Ренова го освои првиот бод. Тогаш екипата водена од Миле Димов извлече 0:0 во снежен амбиент на градскиот стадион во Тетово. Подоцна во мај под Тумбе кафе, домашната екипа ја победи Ренова со 1:0 со голот на Драган Димитровски, негов предпоследен во кариерата.

Нема коментара:

Постави коментар