Powered By Blogger

2. 8. 2013.

Време е да падне и традицијата и Еуромилк

Во историјата на сите официјални натпреварувања во нашата земја, Пелистер и екипата од скопската населба Лисиче играле само два натпревари за бодови. И на големо изненадување во двата натпревари Пелистер загубил и дури и не постигнал гол. Еве потсеќање на тие два натпревари есента 2011 и пролетта 2012 година.

5 ноември 2011 година

Втора фудбалска лига - 11 - коло

Пелистер - Еуромилк 0:1 (0:0)

Градски стадион под Тумбе кафе - Битола. Гледачи: 500
Главен судија: Дарко Јовчевски (Тетово)
Асистенти: Иса Вјоца Изеири (Гостивар) и Насур Љатифи (Тетово)
Стрелец: Јовановски во 65 минута
Золти картони: Т. Китановски, Талевски (Пелистер), Ристов, Стојковски, Спасевски и Лазеревски (Еуромилк)
Црвени картони: нема

Пелистер:

Гоновски, М. Ивановиќ (од 79м. Ристевски), Драгарски, Шалевски, Т. Китановски, С. Магловски, Коњарски (од 69м. Алтипармаковски), Талевски, Миленковски (од 69м. Анастасов), Питошка, Димитровски

Еуромилк:

С. Петрушевски, Димитриевски (од 37м. Арслан), Ристов, Стојковски, Спасевски (од 69м. Алексовски), Бујчевски, Трипуноски, Џангарсовски, Јовановски, Грујовски (од 69м. Д. Петрушевски), Лазаревски

Фудбалерите на Пелистер неочекувано се изненадени сред Битола од одличната екипа на Еуромилк, која дојде во Битола да се надигрува и е првиот тим кој го донесе целиот плен од под Тумбе кафе. Мечот почна како и сите во Битола со притисок на зелените и сомнително поништен гол на Питошка во 4 минута. Истиот фудбалер 5 минути подоцна со глава од поволна позиција биеше над голот. Гостите се консолидираа и во 26 минута преку Трипуноски од мртов агол ја погодија пречката. Несигурната арбитража на младиот судија Јовчевски кулминираше во 42 минута, кога Димитровски бесе повлечен за дрес во казнениот простор на скопјани, а судијата не се огласи. Вториот дел се одвиваше слично за битолчани, но одличниот Трипуноски и брзоногиот Бујчевски создаваа перманентни главоболки за пелистерци. Токму Никола Трипуновски мајсторски биеше во 54 минута, но пак пречката го спаси Гоновски. Моментот на одлука дојде во 65 минута, кога Даниел Јовановски продре по десната страна и од тежок агол прецизно биеше. Топката од дирекот одседна во мрежата на домашната екипа. Само минута подоцна В. Алтипармаковски во првиот контакт со топката со глава биеше од само 5 метри, но Слободан Петрушевски рефлексно одбрани. Избраниците на Хусеин напаѓаа збркано и имаа многу мешаници пред голот на Еуромилк. Сепак и гостите уловиа контра во 84 минута но Јовановски во ситуација три на еден брзоплето погреши. Ниту 5 минути надополнување не му помогнаа на Пелистер да го избегне првиот домашен пораз во сезоната.
12 мај 2012 година

Втора фудбалска лига - 27 коло

Еуромилк - Пелистер 2:0 (1:0)

                Фудбалерите на Пелистер го претрпеа првиот пораз во 2012 година во официјален натпревар. Во скопската населба Лисиче подобри од зелените беа фудбалерите на Еуромилк, кои по цели шест месеци му нанесоа пораз на пелистерци. Последен пат битолскиот клуб загуби во Миравци на крајот од ноември минатата година. Во меч кој претставуваше деби на Миле Димов на клупата, Пелистер играше премногу претплазливо и беше казнет од активната домашна екипа, која може да се пофали дека е единствена оваа сезона во Втората лига која два пати го совлада тимот од под Тумбе кафе. Комбинираниот тим на Пелистер во првото полувреме не само што рамноправно парираше, туку имаше и повеќе шанси да го отвори резултатот. Сепак во вториот дел прекините беа кобни за зелените. Најнапред Брњарчевски во 54,  а потоа и Антонио Грујовски во 71 минута постигнаа голови од мешаница и му донесоа важни три бода на екипата на Еуромилк. За пелистерци шести загубен меч во Втората лига оваа сезона.
               


Нема коментара:

Постави коментар