Powered By Blogger

1. 8. 2013.

Пелистер се враќа во рацете на Мицевски

Со задолжителната трансформација во АД, најава за подобри денови во славниот битолски суперлигаш
Најтрофејниот претседател на битолчани е заинтересиран да биде дел од новиот проект на машкиот ракометен клуб. Откако машките ракометни клубовите добија рок до 16 август да ја отпочнат процедурата за трансформација во акционерски друштва, за битолски Пелистер се отвора нова можност во тимот да го имаат својот најтрофеен претседател Силјан Мицевски.
Управата на битолчани се надева дека познатиот битолски бизнисмен, кој во 90-тите години од минатиот век беше на чело на тимот од Битола кога беше неприкосновен на теренот, сега повторно ќе го имаат во своите редови. Тој и пред две сезони беше во тимот како спонзор, беа донесени интернационални и домашни засилувања, тренер, но набрзо се повлече, по што екипата пак падна. Kлубот никако да излезе од сивилото, а за тоа треба спонзор што ќе го поддржи. Веќе имало разговори со Мицевски за влегување во Пелистер како акционер. Деновиве се очекува одговор од Мицевски, а во игра за можни партнери е и општината, која исто така покажала заинтересираност. Партнерството на Мицевски и градоначалникот на Битола би била комбинација што на клубот би му овозможила подобри денови и можност да ги почне трката и симнувањето на скопските Вардар и Металург. Од 2006 година кога последен пат Пелистер ја освои двојната круна, и тоа благодарение на Трифун Kостовски, кој беше спонзор на тимот, потоа нема забележителни резултати. Сезонава третпат клубот нема да игра во европските купови откако тоа веќе еднаш се случи во сезоната 2008/2009 и лани. Во својата историја Пелистер има играно и во финалето на Челинџ-купот во 2002 година кога загуби од дански Скјерн.

Нема коментара:

Постави коментар