Powered By Blogger

21. 8. 2013.

Франзуцин на голот на Пелистер?

ДАЛИ ПЕЛИСТЕРЦИ ВЕЌЕ ПРОНАЈДОА ЗАМЕНА ЗА ИГОР ТОСКОСКИ НА ГОЛОТ?
Битолски Пелистер се наоѓа во играчка реконструкција, а напоредно со тоа и администрацијата клубот да заврши во рацете на Силјан Мицевски наскоро ќе биде готова. Најверојатно по заминувањето на Игор Тоскоски во Германија, голот на Пелистер ќе го брани голман од Франција.
Ако во минатото на оваа позиција Пелистер ангажирал легендарни имиња како Периќ или Ходик, сега за прв пат еден французин ќе застане меѓу стативите. 26  годишниот голман Крис Нкингоја, кој потекнува од школата на ПСЖ, веројатно ќе го стави потписот на договорот со Пелистер. Покрај Парис и Версај, кој му е последен клуб, тој настапувал и за СМВ Хендбол. Деновиве полека се дефинира ростерот за првиот дел од шампионатот, а Мицевски наскоро ќе излезе пред јавноста и ќе го предочи планот за развој на клубот и враќање на респектабилното место на Пелистер во нашиот ракомет. Негов прв чекор ќе биде зацврстување на школата, која одсекогаш била темел на успесите на клубот, па и во иднина треба да го понесе најтешкиот дел од проектот на повеќекратниот државен првак.

Нема коментара:

Постави коментар