Powered By Blogger

15. 8. 2013.

Силјан Мицевски газда на РК Пелистер

ЛЕГЕНДАРНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ, СЕ ВРАЌА НА РАКОВОДНОТО МЕСТО ВО НЕГОВИОТ ОМИЛЕН КЛУБ
Силјан Мицевски ќе биде единствениот акционер во ракометниот клуб Пелистер и клубот се надева дека со негова помош конечно ќе излезе од неколкугодишната анонимност и ќе се врати на старите патеки кога беше клуб за респект и ривал што секогаш атакувал на трофеи.
Процедурата за трансформација е почната, а наскоро ќе биде познат и УП на клубот, кој ќе треба да најде уште 1-2 засилувања, кои треба да го стабилизираат Пелистер. Мицевски и пред две сезони беше во тимот како спонзор, беа донесени интернационални и домашни засилувања, тренер, но набрзо се повлече, по што екипата пак падна. Досегашните обиди на управата да најдат стабилен и сериозен спонзор од Битола завршуваа безуспешно. Досега позитивни одговори до РФМ во врска со трансформацијата на клубовите поднеле или најавиле Вардар, Металург, Металург јуниор, Зомимак М, Тинекс Пролет, Пелистер, Текстилец, Преспа, Овче Поле и Радовиш. На конференцијата на клубови в сабота треба да бидат извлечени и натпреварувачките броеви и да се договори почетокот на првенството. 

Нема коментара:

Постави коментар