Powered By Blogger

6. 8. 2013.

Мустафов на одстапка во Победа

МЛАДИОТ ОФАНЗИВЕЦ НА ПЕЛИСТЕР ИСПРАТЕН НА КАЛЕЊЕ ВО ПРИЛЕП
Младиот офанзивен фудбалер за врска на битолски Пелистер, Бурхан Мустафов до крајот на 2013 година во наредните 6 месеци ќе биде на позајмица во второлигашот Победа од Прилеп. Добрата соработка на двата клуба е продлабочена со уште едно ново име.
Младиот 19 годишен фудбалер уште пред една година, кога тренер беше Горазд Михајлов дебитираше за сениорската екипа на Пелистер, а претходно беше прекомандован во првиот тим кај Марјан Секуловски, со неполни 18 години. На Мустафов му се потребни натпревари и искуството од Победа, треба да го оформи како фудбалер. Со конкуренција како Алтипармаковски, Жуниор, Марковски, Дуков, Ристевски, Демиќ во сениорскиот тим на Пелистер не му беше лесно да се избори за место во поширокиот избор на Бочевски. 

Нема коментара:

Постави коментар