Powered By Blogger

1. 8. 2013.

Бочевски: „Работата и дисциплината беспрекорни„

Бившиот тренер на Напредок, Драган Бочевски, на 8 контролни натпревари ја водеше екипата на Пелистер, но официјалното деби го очекува в недела со Еуромилк. Најавите за европски Пелистер ги потврдува и шефот на струката, кој по долг период пак е во истата соблекувална во која редеше успеси како фудбалер
„По 25 години повторно сум во Пелистер, каде ги поминав најдобите денови од кариерата. Што се однесува до денешниот Пелистер, мислам дека овон реновиран тим ќе атакува на места во горниот дел на табелата. Пелистер е бренд во македонскиот фудбал и убеден сум дека ќе атакува на висок пласман. Одигравме 8 пријателски натпревари, на 4 од нив победивме, еднаш игравме нерешено и претрпевме 3 порази. Задоволен сум, резултатите беа во втор план, но работата и дисциплината на фудбалерите беа беспрекорни. За цел припремен период немаше ниту еден инцидент„ заклучи Бочевски. 

Нема коментара:

Постави коментар