Powered By Blogger

8. 8. 2013.

Пелистер по изненадување на гости кај „гипсарите„

ПО СТАРТНИТЕ ТРИ БОДА, ЗЕЛЕНИТЕ ОПТИМИСТИ ПРЕД ГОСТУВАЊЕТО В НЕДЕЛА КАЈ РЕНОВА
Мисијата Ренова и првото гостување во сезоната, веќе неколку дена е на дневниот ред во фудбалска Битола. Огромен респект кон ривал кој ги порази зелените во контролен натпревар пред три недели, но и верба во сопствените можности кај пелистерци.
Тренерот Бочевски по двојната тренинг сесија во средата, денес одработи попладневен тренинг со вежбање на тактичките замисли пред овој важен натпревар. Зелените знаат дека мора да го подигнат квалитативното ниво од мечот со Еуромилк, доколку сакаат да останат непоразени или да се вратат со полн плен од градскиот стадион во Тетово. Во стројот нормално тренира и Риад Демиќ, кој немаше право за настап во неделата, но пристигна неговиот сертификат и е во комбинација за овој меч. Младинскиот репрезентативец Томе Китановски верува во своите соиграчи и во позитивен резултат против „гипсарите„ Тој смета дека нијанси ќе решаваат в недела „Уште на пријателскиот натпревар во Охрид видовме дека Ренова е компактна и многу добро организирана екипа. Но и ние од тренинг, во тренинг и верувам на секој нареден натпревар изгледаме се подобро и подобро. Мислам дека со вистински пристап можеме да го покажеме вистинското лице на Пелистер уште в недела. Знам дека тешко играме на првенствените мечеви во Тетово, но не е невозможно да ја прекинеме негативната серија„ заклучи офанзивниот десен бек на Драган Бочевски. Иако сеуште има непознаници околу стартниот тим, постојат големи шанси стручниот штаб на пелистерци да го извади истиот тим кој му се спротистави и го доби Еуромилк во првото коло.

Утре подароци за децата од Домот за доенчиња

Приходот од неделниот меч со Еуромилк, ФК Пелистер и клубскиот спонзор „Пелистерка„ ќе го донираат во Домот за доенчиња во Битола. Утре во 11 часот неколку фудбалери на Пелистер ќе делат подароци и парични средства за најмладите. Ваквите иницијативи ќе бидат се почести на домашните натпревари на Пелистер оваа есен.  

Нема коментара:

Постави коментар