Powered By Blogger

4. 8. 2013.

Драгарски „го отвори„ Еуромилк

ЗАПОЧНА НОВИОТ ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА СО ДОМАШНИ ТРИ БОДА ПОД ТУМБЕ КАФЕ
Прва фудбалска лига - 1 - коло
Пелистер - Еуромилк 1:0 (0:0)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 3000
Главен судија: Јосип Бартон (Тетово)
Асистенти: Иса Емрулаи (Тетово) и Зоран Костоски (Прилеп)
Делегат: Дарко Јовчески (Тетово)
Стрелец: Драгарски во 70 минута за Пелистер
Жолти картони: К. Степановски, Жуниор, Драгарски, Пашовски (Пелистер), Давчевски (Еуромилк)
Црвени картони: нема

Пелистер:

Пашовски, Китановски, Драгарски, М. Степановски, К. Степановски, Христов, Мојсов  (од 90м. Марковски), Елмазовски, Љамчевски (од 64м. Анастасов), Стенио Жуниор, Алтипармаковски, (од 78м. Велевски)

Еуромилк:

Маџаровски, Вељаноски, Тодоровски,  Стојковски,  Бујчевски,  Костенцоски, Пандовски, Давчевски, Мицков, (од 86м.Грујовски ), Брњарчевски  (од 77м. Османи )

Играч на натпреварот:
Христијан Драгарски (Пелистер)

Со огромен ентузијазам фудбалска Битола го дочека новиот почеток на својот љубимец. Обновениот Пелистер со својот најдобар тим, со исклучок на босанецот Демиќ чиј сертификат не стигна на време, ја отвори сезоната со дуелот со прволигашкиот дебитант Еуромилк. По пеколна жештина под Тумбе кафе се собраа 3000 љубители на зелената боја и не зажалија. Уште во петтата минута гостинскиот напаѓач Брњарчевски изби сам пред Пашовски, го лобуваше, но топката за негова несреќа го префрли голот на битолчани. И втората офанзивна акција ја имаа гостите. Се играше 11 минута, кога Брњарчевски проби убаво по левата страна, центрираше на втора статива, се придодаде Костенцоски, но биеше за малку преку голот. Во 22 минута се закани и Пелистер. По третиот корнер за екипата на Бочевски, натрча Кирил Степановски и биеше во мешаницата, но гостинскиот голман Маџаровски беше на место. Пелистер ја превзеде иницијативата и постојано ја имаше топката во своите нозе. Како резултат на тоа најзрелата шанса дојде во 35 минута. Стенио Жуниор одлично во празно го пронајде Марјан Алтипармаковски, кој го мина Маџароски но отиде премногу лево и немаше доволно добар агол за да го постигне водечкиот гол. Две минути подоцна и Ѓорѓи Мојсов се обиде од дистанца, но ударот беше непрезицен над голот. Серијата на шанси за зелените ја комплетираше Љамчевски со удар од работ на шеснаесетникот, но пак гостинскиот голман беше на место. Во 44 минута Маџароски ја направи единствената грешка, кога по центаршутот на Мојсов, излета во празно, но ударот со глава на Менде Степановски го префрли голот. Пелистер јалово понадмоќен, но во првиот дел позрелите шанси ги имаа гостите од Ново Лисиче.
            И на почетокот од продолжението, имаше многу простор за контранападите на Еуромолк. Во 48 минита по акцијата по десната страна, Иловски шутираше со левата нога, но многу непрецизно над голот на домаќините. Пелистер возврати со акцијата на Жуниор и Алтипармаковски, но завршницата им недостигаше на избраниците на Бочевски. Младиот напаѓач осум минути подоцна изби сам пред гостинскиот голман, но беше во недозволена позиција и шансата пропадна. По убавата инвидуална акција, Стенио Жуниот најблиску до гол беше во 63 минута кога двојно проигра со Љамчевски, биеше од прва, но преку голот на Маџароски. Минута подоцна Анастасов го освежи средниот ред, влегувајќи место Љамчевски. Но против добро  поставената одбрана на Еуромилк, пелистерци тешко наоѓаа решение. Но отпорот на гостите беше скршен во 70 минута. Анастасов убаво се ослободи од двајца гостински фудбалери и убаво центрираше на втора статива, каде се придодаде Христијан Драгарски и со глава со помош на стативата ја погоди целта. Без разлика што топката не ја затресе мрежата, ја мина гол линијата со цел свој посед и помошникот Костоски од Прилеп покажа на центарот. Со многу енергија и труд, зелените го отворија резултатот, иако постојано играа во грч. По примениот гол, момците на Тодоровски и Милошевиќ ја отворија играта и со неколку прекини, опасно се заканија. Во 85м. затреперија срцата на битолчани. По слободниот удар на Костенцоски, топката ја префли домашната одбрана, Османи ја втурна во голот на Пашовски, но од евидентна офсајд позиција. Бочевски ја „затвори„ формацијата и само од прекин гостинските бели стигнуваа до опасност. Но и по надополнувањето, резултатот остана минимални 1:0 за битолчани, кои под притисок не одиграа како што знаат и умеат, но беа доволно поискусни и поквалитетни колку што резултатот говори. Еуромилк солиден, дебитански „скапо ја продаде кожата“ под Тумбе кафе.               
Чкембарите сакаат нов стадион

            Најпопуларниот транспарент низ Битола во последните неколку недели, стигна и на стадионот под Тумбе кафе. Имено битолските навивачи сакаат нов или реновиран стадион, па непрестојно бараат од сопственикот на објектот, општина Битола, остварување на ветеното. И покрај видливото „шминкање„ добриот тревник, воведувањето на монтажни санитарни простории и продавање на безалкохолни производи, сепак стадионот во Битола е далеку од тоа како треба да изгледа.


Нема коментара:

Постави коментар