Powered By Blogger

9. 8. 2013.

Браво за хуманите пелистерци

Иницијативата поттикната од ФК Пелистер, од АД Пелистерка и Млекарата Здравје Радово, утринава ги израдува најмладите од Домот за доенчиња во Битола. Имено целиот приход од неделниот меч со Еуромилк беше хуманитарен и тие средства беа искористени за потребите на оваа установа.
Така беше дониран нов фрижидер, а во голема количиња млеко и вода пристигнаа во Домот за доенчиња. Оваа иницијатива ја подржаа буквално сите, па билети за мечот со Еурмилк платија и фудбалерите и членовите на обезбедувањето, кои ја исполнуваа работната обврска. Целиот приход од мечот од третото коло Пелистер - Хоризонт Турново на 18 август ќе биде наменет за штитениците на Центарот за лица со оштетен говор и слух „Кочо Рацин„ од Битола. Секоја чест за хуманата иницијатива на ФК Пелистер и неговите спонзори.

Нема коментара:

Постави коментар