Powered By Blogger

25. 8. 2013.

Скината аркадата на Николај Христов

СТРАДАШЕ АКРАДАТА НА ЕДЕН ОД НАЈБОРБЕНИТЕ ПЕЛИСТЕРЦИ НА ГОСТУВАЊЕТО ВО ШТИП
Здравствениот билтен по мечот во Штип повторно не е најпозитивен за фудбалерите на Пелистер. И од овој меч избраниците на Драган Бочевски излегоа со крвави глави, мускулни проблеми, многу удари. Најлошо мина бугарскиот интернационалец Николај Христов ,кој во 8 минута доби удар со лакт во главата и настрада аркадата.
Главата му беше „бандажирана„ и го одигра целиот натпревар и по враќањето во Битола заедно со клубскиот доктор Зоран Лазаров замина во Клиничката болница во Битола. Му беше извршена интервенција и Христов доби неколку конци на главата и познавајќи го неговиот темперамент уште в понеделник наутро ќе биде присутен на првиот тренинг пред мечот со Металург. Многу полошо мина Ѓорѓи Мојсов, кој ја обнови мускулната повреда заради која не настапи со Хоризонт Турново. Деновиве ќе се знае дефинитивната дијагноза, иако минимални се шансите да настапи против Металург в среда попладне. 

Нема коментара:

Постави коментар