Powered By Blogger

19. 8. 2013.

РК Пелистер ги претстави своите засилувања

Ракометниот клуб Пелистер успешно се трансформираше во Акционерско Друштво, предводено од новиот спонзор Силјан Мицевски. Целта на поранешниот македонски првак е јасна, во прв момент да се состави стабилен клуб и истиот да се исправи на здрави нозе, за догодина „пелистерци“ да се обидат и да ги замрсат сметките на Металург и на Вардар во битката за највисок пласман.
Новата управа почна со ангажман на нови ракометари, доведувајќи во Битола четири млади играчи: Дарко Георгиевски, Горан Печенковски, Љупчо Игнов и Бобан Блажевски „Потпишавме пред се со млади и надежни ракометари кои се иднината на нашиот клуб и иднина на Македонскиот ракомет. Со новиот спонзор г-дин Силјан Мицевски очекуваме да направиме стабилен клуб со уште некое засилување, и од следната сезона да му се спротиставиме на Вардар и Металург. Имаме сериозен проект и се надеваме дека ке успееме во тоа, сите предуслови за силен Пелистер се тука. Очекуваме и полна сала и епитетот ракометен град Битола да се врати каде што припаѓа“ - изјави еден од оперативците во клубот Никола Пискачев.

Нема коментара:

Постави коментар