Powered By Blogger

12. 8. 2013.

Пашовски: „Пелистер покажа карактер„

СО ГОСТИНСКАТА ПОБЕДА НАД РЕНОВА, ПЕЛИСТЕР ПО ПОДОЛГО ВРЕМЕ НА ВРВОТ НА ПРВЕНСТВЕНАТА ТАБЕЛА
Еден од оние кои го понесоа товарот на гостувањето во Тетово и победата над Ренова од 1:2, секако е капитенот Гпран Пашовски, кој беспрекорно си ја заврши работата и овозможи по трет пат во историјата, втор пат во меч за бодови, Пелистер да слави на теренот на „гипсарите„:
„Мислам дека Пелистер покажа карактер. Не е лесно, не само за нас туку и за сите македонски екипи, да се вратиш после 1:0 против искусна екипа како Ренова и тоа на нивни терен. Почнавме не баш најдобро, малку импресионирани, но полека ја воспоставивме рамнотежата и доминиравме во поголем дел од мечот, посебно кога останавме со човек повеќе. На крајот, по за мене необјаснивото исклучување на Стенио Жуниор, моравме да го издржиме притисокот на Ренова, но и во вакви моменти се гледа карактерот и искуството на оваа новоформирана екипа. Остваривме голем дел од зацртаниот план и оптимист сум дека ако продолжиме вака да работиме, навивачите во Битола ќе имаат многу причини за задоволство„ ни рече бившиот голман на Напредок, кој по три сезони минати во Кичево се врати во Битола. Денес изутрина, фудбалерите имаа лесен тренинг за рекуперација, утре попладне под Тумбе кафе ќе тренираат само оние кои не играа во Тетово, а во среда следува двојна тренинг сесија и подготовка на неделното дерби со ко-лидерот Хоризонт Турново.
 
Какви правила важат за Стенио Жуниор?

Малкубројните гледачи на градскиот стадион во Тетово и посебно фудбалерите на Ренова, можеа на дело на ги видат квалитетите на најскапиот фудбалер во македонското првенство - Стенио Жуниор. Бразилецот беше сеприсутен на теренот, правеше дар-мар низ противничката одбрана, а дефанзивците на Ренова не бираа средства да го сопрат. Така Муслиу заработи директен црвен картон заради груб прекршок на последен човек во 35 минута. Но откако Жуниор заработи жолт картон откако ја удри топката по подигнатото знаменце за офсајд, во вториот дел следеше исклучување, за кое нема никакво однесување. Имено во 74 минута Фисник Нухиу го фати за уво бразилецот и се обиде да го испровоцира. Жуниор заврши на тревата и доби втор жолт картон и исклучување заради симулација, а Нухиу не доби никаква казна. Наспроти тоа Ренова имаше 16 минути и 4 од судиското надополнување со рамноправни сили на теренот, 10 против 10, да се бори за реми. Наместо да биде прво име на средбата заради неговите бравури, Стенио Жуниор нема да игра со Хоризонт Турново наредната недела. Така бразилецот веројатно ќе биде со најогнените навивачи на Пелистер - „Чкембарите„ за мечот со турновци. Стенио Жуниор ќе се врати во првиот тим на Пелистер на 21 август на Куп натпреварот во Струга против Караорман.

Нема коментара:

Постави коментар