Powered By Blogger

21. 8. 2013.

Пелистер низ Струга до осминафинеле во Купот

ЛЕСНА ПОБЕДА НА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР НА КУП ДЕБИТО ВО СТРУГА ПРОТИВ КАРАОРМАН
Куп на Македонија - 1 коло
Караорман - Пелистер 0:5 (0:1)

Градски стадион во Струга. Гледачи: 500
Главен судија: Јосип Бартон
Асистенти: Илми Медии и Рихан Алити (сите од Тетово)
Делегат: Јовче Попоски (Охрид)
Стрелци: Миленковски во 41, К. Степановски во 50, Жуниор во 66, Алтипармаковски во 85 и Трајковски во 89 минута за Пелистер
Жолти Картони: Глигоровски (Караорман), Ивановиќ, Георгиев, Велевски (Пелистер)

Караорман:
Прќакоски, Ма. Милески, Махоски, Насуфи, Глигороски (80м. Митрески), Затаракоски,  Ми. Милески (од 80м. Скепаровски), Рочи, Секулоски, Келешоски, Далчески

Пелистер:
Пашовски, Ивановиќ, М. Степановски, Лескароски, К. Степановски, Христов, Георгиев (од 61м. Велевски), Анастасов, Жуниор, Марковски (од46м. Алтипармаковски), Миленковски (од 66м. Трајковски)


Играч на натпреварот: Филип Миленковски (Пелистер)

Фудбалерите на Пелистер со серија на замени во стартниот тим за разлика од мечот со Хоризонт Турново, многу стрпливо влегоа во мечот со третолигашот од Струга. Постојано ја имаа топката во нозете и во првите 10 минути имаа три зрели шанси за водечки гол. Во 6 минута по центаршутот на Миленковски, бугаринот Георгиев со глава биеше над пречката. Три минути подоцна од само 5 метри, Благојче Марковски биеше добро, но блокот на Караорман го спречи гостинското водство. Најубавиот момент за црвените беше фантастичниот обид со ножички на Секулоски во 20 минута, но топката заврши за малку крај стативата на Пашовски. Марковски и Жуниор во периодот од 30 до 40 минута имаа нови обиди со удари од дистанца, но резултатот не се менуваше се до 41 минута. Тогаш Жуниор во празно го пронајде Миленковски, кој забележа дека Прќакоски го напушти голот и рутински го лобува за водство на прволигашот. Водечкиот гол широко му ги отвори вратите на битолчани. Во 50 минута по корнерот на Кирил Георгиев, топката стигна до Кирил Степановски кој биеше од 5-6 метри, топката на патот до мрежата го погоди Насуфи и го измами Прќакоски. Се редеа шансите пред голот на стружани, а просторот за контранапади, екипата на Бочевски максимално го користеше. Резервистот Дејан Велевски само што влезе во игра, убаво го проигра Жуниор, кој изби сам пред Прќакоски и рутински ја смести топката во небранетата мрежа. Во вториот дел лесно во шанси влегуваше Марјан Алтипармасковски, но во 64 и 73 минута не беше најлуциден во завршницата. Затоа во 85 минута по долгиот дегажман на Пашовски ги надмудри Прќакоски и Марјан Милески и дриблајќи го противничкиот голман зголеми на 4:0. Во претпоследната минута токму по додавањето на Алтипармаковски, топката дојде до младиот Јовче Трајковски, кој по истиот принцип како претходно го мина голманот и ги постави комплетните 0:5. Во последните 10 минути, Пелистер играше со 10 фудбалери бидејќи превентивно беше повлечен Кирил Георгиев, а претходно беа извршени сите три замени на гостинската клупа. Пласман во осминафиналето на Купот и први голови на напаѓачите во сезоната, се добрите сигнали кои доаѓаат од Струга за пелистерци.
„Чкембарите„ ги има насекаде

                Иако противникот е третолигашот, навивачката група „Чкембари„ скоро секаде ги следи пелистерци, па така и во прекрасното струшко попладне, се слушаше само песната на битолските навивачи. Веројатно како и на екипата, и на навивачите овој меч им беше генерална проба за првенственото дерби в недела во Штип со Брегалница.

За Трајковски деби и веднаш гол

                18 годишниот член на младинската екипа, кој веќе една година тренира со сениорите на Пелистер, Јове Трајковски долго ќе го памети своето деби за првата екипа на неговиот матичен клуб. Влезе во игра во 66 минута на местото на Миленковски и во целост ги оправда очекувањата. Имаше неколку добри потези, а кулмунацијата беше неговиот гол во 89 минута, кој е првенец за Пелистер во официјален меч. Претходно истиот фудбалер во последните мигови и од пријателскиот меч со Новаци го постигна победоносниот гол за 2:1.
               

Нема коментара:

Постави коментар