Powered By Blogger

10. 8. 2013.

Блесок на Тодоровски на малиот маратон

ОДРЖАН 34 МАЛ ОХРИДСКИ МАРАТОН, НА КОЈ БИТОЛСКИТЕ ПЛИВАЧИ ПЛИВАА ОДЛИЧНО
 
Пред неколку дена во Охрид се одржа традиционалниот 34 мал охридски маратон, на кој учество зедоа и пет пливачи од битолските пливачки клубови ПК Олимпик и ПК Југ. На патеката Горица - Охрид, долга 2.500 метри први стартуваа пливачите постари од 16 години, но посебно интересна беше втората трка за пливачи помлади од 16 години во која се натпреваруваа сите натпреварувачи од Битола.
Битолчанецот Мартин Тодоровски (1999 ) од Олимпик исплива извонредно и со време 32.17.71 и на крајот го освои третото место во категоријата машки помлади од 16 години. Мартин беше во водство првите 1.000 метри, но промената на условите во средината на патеката повеќе им одговараше на двата пливачи од Скопје, чија специјалност се долгите патеки. Тие направија предност што ја задржаа до крајот.   Стефан Степанулевски (2004) од Југ го доби признанието за најмлад учесник на маратонот.  Сепак позначајно е одличното време за кое младиот битолчанец ја исплива патеката - 47.10.24, што го покажува големиот потенцијал што го има ова момче. Марија Јовановска (1998 - ПК Југ) со време 48.28.55, Ана Марија Шехи (1999 - ПК Југ), 48.27.62 и дебитантот Димитар Филковски (1999 - Олимпик) со време 48.57.16, испливаа солидни времиња и обезбедија пласман.

Нема коментара:

Постави коментар