Како се доближува
крајот на полусезоната, Пелистер влегува
во се подобра форма и веќе го направи
тоа што на никого не му успеа оваа есен.
Ги совлада Хоризонт Турново и Металург
и тоа во гости и пак се приклучи во
водечката група, откако пред четири
недели падна на делба на седмото и осмото
место.
25. 11. 2013.
Нов еуфоричен бран во „зелената„ Битола
24. 11. 2013.
На Металург му се случи Стенио Жуниор
ПО ПОВЕЌЕ ОД ЧЕТИРИ ГОДИНИ, ПЕЛИСТЕР СЛАВИ ВО АВТОКОМАНДА И ПО ПОВЕЌЕ ОД ДВА МЕСЕЦИ СЕ ВРАЌА НА ЛИДЕРСКОТО МЕСТО НА ТАБЕЛАТА
Прва фудбалска лига - 16 - коло
Металург - Пелистер 2:4 (1:2)
Стадион во Автокоманда - Скопје. Гледачи: 100
Главен судија: Марјан Ецкоски
Асистенти: Жарко Тодоровски (Охрид) и Ацо
Мацески (Струга)
Делегат: Илија Митров (Штип)
Стрелци: Пеев во 26 и Крстев во 48 минута за
Металург, Стенио Жуниор во 7,26 минута од пенал, 65 и 86 минута за Пелистер
Жолти картони: Додевски, Пеев (Металург),
Миленковски, Китановски, Ковачев (Пелистер)
Црвени картони: нема
Блесок на Илиевски на новата патека во Лагово
БИТОЛСКИОТ МОТО ФЕНОМЕН БЛЕСКАШЕ НА ПРВАТА МОТОКРОС ТРКА НА ПАТЕКАТА КРАЈ ПРИЛЕП
На промоцијата на новата патека за мотокрос натпревари во Прилеп, кај Лагово, учествуваа и битолските мотокросисти, кои во полна сила се појавија на поканата на нивните нови колеги. Христијан Илиевски од Мотоклубот Пелистер беше најдобар во класата на МХ1, а додека од ЛТД во МХ2 Никола Гулевски беше четврт, а Мими Бајовски во истата класа беше петтопласиран. Во МХ3 настапија од ЛТД Мирче Ќорнаков кој го освои второто место и Борче Костов кој го освои третото место, а без пласман останаа браќата Денко и Андријан Минчевски
На промоцијата на новата патека за мотокрос натпревари во Прилеп, кај Лагово, учествуваа и битолските мотокросисти, кои во полна сила се појавија на поканата на нивните нови колеги. Христијан Илиевски од Мотоклубот Пелистер беше најдобар во класата на МХ1, а додека од ЛТД во МХ2 Никола Гулевски беше четврт, а Мими Бајовски во истата класа беше петтопласиран. Во МХ3 настапија од ЛТД Мирче Ќорнаков кој го освои второто место и Борче Костов кој го освои третото место, а без пласман останаа браќата Денко и Андријан Минчевски
Охриѓани до реми во драматичен финиш
ИАКО НА КРАЈОТ
МОЖЕШЕ ДА ИЗЛЕЗЕ СЕКОЈ МОЖЕН РЕЗУЛТАТ, ОХРИД И ПЕЛИСТЕР РЕМИЗИРАА ВО САЛАТА
„БИЉАНИНИ ИЗВОРИ„
Охрид - Пелистер 22:22 (11:10)
Охрид:
Пецаков (2 одбрани), Китевски, Костески (11 одбрани),
Анѓелкоски, Томоски, Андоновски 1, Б. Белевски 1, Мирков, Николовски,
Трифуноски 4, Тасески, Поп-Стефанија 3, Соколов 3, Крстески, В. Белевски 3,
Димитриоски 7
Пелистер:
Нкуингуа (12 одбрани), Талевски, Игнов, Дрогришки 5,
Блажевски 4, Димитриовски 3, Босеовски 1, Рајатовски, Вешовски 5, Димитриески
2, Стефаноски, Нечков, Митревски, Чурлески 2, Божиновски, Печенковски
22. 11. 2013.
Ецкоски ја доби довербата на ФФМ за неделното дерби
ИСКУСЕН СУДИЈА ОД ОХРИД Е ДЕЛЕГИРАН ЗАНАЈВОЗБУДЛИВИОТ НАТПРЕВАР ОД 16 КОЛО
Охридскиот судија
Марјан Ецкоски ќе ја дели правдата на
дербито од 16 коло на Првата фудбалска
лига помеѓу Металург и Пелистер. Делегиран
е судија со кого Пелистер нема пораз
оваа сезона и да се надеваме дека таков
ќе биде билансот и по неделниот меч во
Автокоманда.
Битолските зелени ветуваат борба и позитива во Автокоманда
ДЕРБИ ВО АВТОКОМАНДА ВО КОЕ СЕ ОСВЕН ПОРАЗ ЗА ПЕЛИСТЕР ЌЕ БИДЕ ЗЛАТО ВРЕДЕН РЕЗУЛТАТ
Паузата од две недели добро им дојде на пелистерци да ги „наполнат акумулаторите„ за последните пет официјални натпревари во 2013 година, од кои директно ќе зависи дали ќе имаат солидна или многу успешна полусезона. Избраниците на Драган Бочевски одиграа контролен натпревар со Новаци како подготовка за гостувањето кај Металург и тест за повредените Ковачев и Ристевски.
Паузата од две недели добро им дојде на пелистерци да ги „наполнат акумулаторите„ за последните пет официјални натпревари во 2013 година, од кои директно ќе зависи дали ќе имаат солидна или многу успешна полусезона. Избраниците на Драган Бочевски одиграа контролен натпревар со Новаци како подготовка за гостувањето кај Металург и тест за повредените Ковачев и Ристевски.
21. 11. 2013.
Калањ од Пелистер замина во Лирија
СРЕД СЕЗОНА, БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР ОСТАНА БЕЗ ЕДЕН ОД СВОИТЕ НАЈДОБРИ КОШАРКАРИ
Поразот од Работнички, меч во кој центрите на Лирија беа целосно надиграни од страна на Душан Кнежевиќ, беше причина раководството на овој клуб да ангажира нов висок кошаркар како засилување за преостанатиот дел од сезоната. Така, екипата на Марјан Илиевски ги засили своите редови со Александар Калањ, српскиот интернационалец што во досегашниот тек од сезоната го носеше дресот на Пелистер.
Поразот од Работнички, меч во кој центрите на Лирија беа целосно надиграни од страна на Душан Кнежевиќ, беше причина раководството на овој клуб да ангажира нов висок кошаркар како засилување за преостанатиот дел од сезоната. Така, екипата на Марјан Илиевски ги засили своите редови со Александар Калањ, српскиот интернационалец што во досегашниот тек од сезоната го носеше дресот на Пелистер.
Прва радост за пелистерци во осмиот меч
ВО ПРВИОТ МЕЧ ОД
ОСМОТО КОЛО, ПЕЛИСТЕР КОНЕЧНО СЕ ИЗРАДУВА НА ПРВАТА ПОБЕДА ОД МАЈ ОВАА ГОДИНА
Maкедонија
младинци - Пелистер 62:71 (14:23, 17:16, 19:14, 12:18)
Во интересен натпревар во кој двете екипи имаа свои шанси да
стигнат до победата, Пелистер Спорт беше поуспешен од селекцијата на млади
кошаркари, победувајќи со 71:62. Со овој натпревар се отвори осмото прволигашко
коло, а останатите натпревари се играат во петок и сабота.
20. 11. 2013.
Дали Европа и натаму е водечкиот фудбалски континент?
ПОЛЕКА СЕ НАЗИРА
ХОРИЗОНТОТ КОН БРАЗИЛ, НО КОЈ КОНТИНЕНТ Е ФАВОРИТ ЗА ЗЛАТНАТА БОГИНКА НА 204
ДЕНА ДО ПОЧЕТОКОТ НА МУНДИЈАЛОТ?
Вечната битка
меѓу Европа и Јужна Америка е лајтмотив на фудбалските љубители скоро цел еден
век. Голема изедначеност ќе пронајдат статистичарите скоро во сите клучни
споредби меѓу двата најфудбалски континенти. 10-9 за Европа во освоени светски
првенства и 27-26 за Јужна Америка во светски клубски титули, јасно ја
покажуваат израмнетоста во најважните соочувања на континентот на талентот и
забавата и на овој нашиот многу помодерен, избалансиран, тактички позрел.
19. 11. 2013.
Мултитекс презими како второпласиран во Втората лига
ПО НЕКОЛКУ
ГОДИНИ, МАШКИОТ ПИНГ-ПОНГАРСКИ КЛУБ ДОЖИВУВА РЕНЕСАНСА ВО НАШИОТ ГРАД
Битолскиот
пинг-понгарски клуб „Мултитекс„ ја заврши есенската полусезона во Втората
пинг-понгарска лига на високото второ место од шест екипи. Така по
возобнувањето најави подобри денови за овој спорт кој има голема традиција во
нашиот град. Тимот на Мултитекс во првите 5 кола забележа 4 победи и 1 пораз и
зад скопски Вардар Сити парк го освои второто место, пред пролетните пет кола. Одличен
резултат забележа и младиот Христијан Јовановски, кој го освои 4 место од 59
пинг-понгари на државното првенство за средни училишта. Одличен нов почеток и
голем организационен прогрес на овој клуб, кој се наоѓа на добар пат за враќање
во најсилното друштво.
Тренерска рокада во Пелистер
НЕОЧЕКУВАНА ТРЕНЕРСКА ЗАМЕНА ВО БИТОЛСКИОТ РАКОМЕТЕН СУПЕРЛИГАШ
По доаѓањето на новиот
управен одбор, кој деновиве треба и
официјално на прес-конференција да го
претстави планот за работа, донесена е
првата одговорна функција во новиот
Пелистер. Следеше тренерска рокада,
која носи мали, но така големи промени
во стручниот штаб.
18. 11. 2013.
17. 11. 2013.
Јанковска влезе во финалниот дел на светското првенство
МЕЃУ СЕДУМТЕ МАКЕДОНСКИ
ФИНАЛИСТИ ВО АНТАЛИЈА, И БИТОЛЧАНКАТА ЈАНКОВСКА ВЛЕЗЕ ВО ЕЛИТАТА
Победата за гостите, по подобриот втор дел
ПРОТИВ ЛИДЕРОТ ВО
ПРВАТА ЖЕНСКА ЛИГА, ДОМАШНИОТ КОНЗУЛИ НЕМАШЕ ШАНСИ ЗА ПОДВИГ
ЖФК Конзули -
Младост Оризари 1:3 (1:1)
Во тврд и неизвесен натпревар до самиот крај екипата на
Младост Оризари издвојува победа. Први во водство дојдоа „конзулките „ со голот на Мартина Боглева. Гостите брзо израмнија од слободен
удар, па така остана до крајот на првото полувреме.
Реванш против Тинекс Пролет за поразот во септември во Скопје
ВО ВТОРИОТ ДЕЛ,
ПЕЛИСТЕР ГО СКРШИ ОТПОРОТ НА ЖИЛАВИОТ ТИМ НА ТИНЕКС ПРОЛЕТ
Пелистер - Тинекс Пролет
28:25 (12:12)
Ракометарите на Пелистер се
вратија во победнички ритам и со две победи на домашен паркет ја поправија
состојбата на табелата на само три меча до крајот на есенскиот дел од ВИП
Суперлигата.
16. 11. 2013.
Овој пат минимален, но пак пораз за КК Пелистер
ИАКО ТРИ
ЧЕТВРТИНИ БЕА РАМНОПРАВНИ, ЗЕЛЕНИТЕ ГО „ПОЛОЖИЈА ОРУЖЈЕТО„ ВО КАВАДАРЦИ
Фени Индустри -
Пелистер 94:88 (21:14, 19:18, 26:27, 28:29)
Како и на
претходните неколку мечеви, лошиот влез во натпреварот пак кошаркарите на
Пелистер ги чинеше пораз. Во Кавадарци Фени индустри на домашен терен
славеше над Пелистер со 94:88.
12. 11. 2013.
„Конзулките„ поразени и оштетени во Велес
НЕОЧЕКУВАН ПОРАЗ ВО КОЈ „ПРСТИ ВМЕШАА„ И СУДИИТЕ НА ФУДБАЛЕРКИТЕ НА КОНЗУЛИ ВО ВЕЛЕС
Женската екипа на
Конзули претрпе минимален пораз на
гостувањето во Велес од Борец со 2:1. Но
тренерот на битолчанки имаше големи
примедби на делењето на правдата „Иако
екипата на ЖФК Конзули доминираше во
текот на целиот натпревар главниот
судија го режираше овој натпревар и не
ни дозволи ЖФК Конзули да ги освои
бодовите по два недосудени пенали и
еден поништен гол.
Албанските клубови лудо заинтересирани за Кире Ристевски
РИСТЕВСКИ ВО
АЛБАНИЈА ПРЕДИЗВИКУВА ГОЛЕМ ИНТЕРЕС СО ДОБРИТЕ ИГРИ ВО БИЛИС
Веќе неколку години 23 годишниот
Кире Ристевски настапува во алабанската Прва лига. Некогашниот лев бек на
Пелистер и на младинската репрезентација е капитен на прволигашот Билис од
малото место Балш и минува прекрасни моменти во својот клуб.
11. 11. 2013.
Бодови како кислород за амбициите на Пелистер
МИНИМАЛЕЦОТ СО БРЕГАЛНИЦА ОДЛУЧУВАЧКИ ЗА АСПИРАЦИИТЕ НА БИТОЛЧАНИ ОВАА ЕСЕН
За прв пат по 70 дена,
битолски Пелистер поврза две победи во
натпревари од шампионатот и се доближи
до самиот врв на првенствената табела.
Зелените имаа сериозни проблеми против
одличната Брегалница, но беа луцидни
од една полушанса да дојдат до водство
и да го сочуваат до самиот крај.
Пивковски ќе игра за Македонија
БИТОЛЧАНЕЦОТ КОЈ НАСТАПУВА ВО ИТАЛИЈАНСКАТА НОВАРА И ИГРА ЗА ШВЕДСКА, В ИДНИНА ЌЕ ИГРА ЗА МАКЕДОНИЈА
Aгентот нa Филип Пивковски, Нима Модур изјави дека неговиот
клиент ја прифатил поканата да игра за македонската селекција до 21 година.
Пивковски игра во нападот и во моментов е под договор со Навара.
10. 11. 2013.
Бочевски задоволен, Илиевски жали за падот на концентрацијата
ПО НАТПРЕВАРОТ ВО БИТОЛА, СПРОТИВНИ РЕАКЦИИ ЗА ИСХОДОТ НА ИЗЕДНАЧЕНИОТ НАТПРЕВАР
Задоволство кај битолчани заради трите бода и
разочарување на штипјани, бидејќи во рамноправен натпревар еден детал го одлучи
победникот. Двете екипи не одиграа ни приближно до својот максимум но
поснаодливи и посреќни беа зелените и во меч со многу тензија, видлива беше насмевката
на лицата на битолчани.
Пелистер поснаодлив и посреќен во израмнетиот дуел
ВО НАТПРЕВАР СО МАЛКУ КВАЛИТЕТ И МНОГУ ГРЕШКИ,
ПЕЛИСТЕР СНАОДЛИВО СТИГНА ДО ВАЖНИ ТРИ БОДА
Прва фудбалска лига - 15 коло
Пелистер - Брегалница 1:0 (1:0)
Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола.
Гледачи: 2000
Главен судија: Јосип Бартон
Асистенти: Иса Емрулаи и Небојша Георгиевски
(сите од Тетово)
Делегат: Тони Шалев (Кавадарци)
Стрелец: Елмазовски во 44 минута за Пелистер
Жолти картони: Христов, Елмазовски, Драгарски,
Љамчевски (Пелистер), И. Стојанов (Брегалница)
Црвени картони: И. Стојанов во 71 минута за
Брегалница и Христов во 74 минута за Пелистер
9. 11. 2013.
Пораз и натпреварот пред да почне
СО МНОГУ ЛОШО
ОТВОРАЊЕ НА МЕЧОТ, ПЕЛИСТЕР ШЕСТИ ПАТ ПО РЕД СО НАВЕДНАТА ГЛАВА ГО НАПУШТА
ТЕРЕНОТ ПО ПРВЕНСТВЕН МЕЧ
Пелистер -
Куманово 55:79 (10:26, 11:15, 9:21, 25:17)
Шести меч и шести
пораз за кошаркарите на Пелистер во најсилното македонско кошаркарско друштво.
Избраниците на Благој Печалов повторно натпреварот го загубија со лош почеток и
пристап во мечот, па сите обиди подоцна да се вратат во мечот беа залудни.
8. 11. 2013.
Брегалница, одговор на вредностите на Пелистер под Тумбе кафе
ПО ДВА ДОМАШНИ
ПОРАЗИ, ЗЕЛЕНИТЕ ИМААТ ОДГОВОРНОСТ КОН БИТОЛСКАТА ПУБЛИКА ДА ПОКАЖАТ ПОВЕЌЕ И
ДА ОДПОЧНАТ ДА ПОБЕДУВААТ
Мечот со
Брегалница в недела е нов испит на зрелоста на Пелистер, кој со со овој дуел ја
заокружува централната фаза на есенскиот дел од шампионатот, во која не
блескаше. Со штипските плави последен пат, битолчани се радувале во октомври
минатата година кога со голот на Благојче Главевски славеа со 1:0, но подоцна
загубија со 1:0 во Штип и одиграа 0:0 под Тумбе кафе.
Пријавите се на:
Постови (Atom)




















