Powered By Blogger

31. 7. 2013.

Пелистер организационо подготвен за новата сезона

ПРВА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ ПРЕД НЕДЕЛНИОТ СТАРТ НА МАКЕДОНСКОТО ПРВЕНСТВО


Во пресрет на домашното деби во новиот шампионат, управата на ФК Пелистер вчера одржа прес-конференција на која беше обелоденет организациониот план за новата натпреварувачка сезона и беше претставена новата официјална веб страна на клубот.

30. 7. 2013.

Пелистер потпиша со Риад Демиќ

СО ЗАСИЛУВАЊЕ ОД БиХ, БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР ГО ЗАТВОРИ ПРЕОДНИОТ РОК И Е СПРЕМЕН ЗА ПРВЕНСТВЕНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ
На неколку дена до почетокот на новиот фудбалски шампионат на Македонија, битолски Пелистер доведе уште едно засилување во својот ростер. Се работи за 24 годишниот Риад Демиќ кој доаѓа од БиХ, но во последната сезона настапуваше во Иран за екипата Алуминуим Хормозган.

29. 7. 2013.

Ветарaните на Пелистер не стареат

ПО ПОВОД РОДЕНДЕНОТ НА КАРАОРМАН, ЛЕГЕНДИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ОДИГРАА РЕВИЈАЛЕН НАТПРЕВАР
Ветераните на Пелистер го збогатија 90 роденден на ФК Караорман во Струга и одиграа ревијален меч со славеникот. Зелено-белите славеа со 4:2, како и во најдобрите денови на овие фудбалски асови. Караорман најголем успех забележа во сезоната 1957/1958, кога по победа над Брегалница на пенали 7:6 ја освои шампионската титула на Македонија.

Пелистер најавува насмевки на лицата на своите навивачи

ПО ИГРАТА СО ПОБЕДА И МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. НОВИОТ ПЕЛИСТЕР ДОБРО ИЗГЛЕДА ПРЕД ПРВЕНСТВЕНОТО ДЕБИ СО ЕУРОМИЛК
Во Битола владее нов бран на еуфорија по формирањето на екипата за новата натпреварувачка сезона и последните партии со Победа и Македонија Ѓ.П. дополнително ја „загреаа„ атмосферата. Вториот дел со прилепскиот второлигаш и првото полувреме со „лавовите„ беа посебно позитивни и тренерот Бочевски со целиот ростер го очекува првото коло и дебито под Тумбе кафе со новиот прволигаш Еуромилк.

28. 7. 2013.

Најдобриот Пелистер ова лето, баш пред почетокот на сезоната

 ВО ПРВОЛИГАШКИ КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР, БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР ПОКАЖА МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД НОВАЈЛИЈАТА МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.
Пријателски меч
Пелистер - Македонија Ѓ.П. 3:1 (3:1)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 500
Стрелци: Алтипармаковски во 5, Миленковски во 25 и Жуниор во 39 минута за Пелистер, а Јанчевски од пенал во 43 минута за Македонија Ѓ.П.
Црвен картон: Китановски (Пелистер) во 76 минута

25. 7. 2013.

Битолчани задоволни, младиот „бран„ ги донесе головите

СО ЧЕТИРИ ГОЛА ВО ВТОРИОТ ДЕЛ, ПЕЛИСТЕР НА УБЕДЛИВ НАЧИН СЕ ПРЕДСТАВИ ПРЕД БИТОЛСКАТА ПУБЛИКА
Пелистер - Победа 4:0 (0:0)

Градски  стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 600
Стрелци: Ѓорѓиев, Дуков, Љамчевски (2)

Богдановски - седми пат државен првак

НОВ ПОДВИГ НА НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ ШАХИСТ ВО ИСТОРИЈАТА НА ДОМАШНИТЕ ПРВЕНСТВА
Битолскиот велемајстор Влатко Богдановски е нов првак на Македонија за 2013 година. Со победата во последното коло против Роберт Велески тој се одвои од конкурентите, освојувајќи 7 поени од 9 партии. Звонко Станојоски и Драгољуб Јаќимовиќ кои исто така победија во последното коло ги зазедоа второто и третото место со 6.5 поени.

Секој натпревар под Тумбе кафе ќе биде спектакл

ДЕНОВИВЕ НА МНОГУ НОВИНИ ВО ФУДБАЛСКА БИТОЛА. И НА ТЕРЕНОТ И НАДВОР ОД НЕГО ПЕЛИСТЕР ПОДГОТВУВА ИЗНЕНАДУВАЊА
 
Деновиве во Битола се кова маркетинг стратегијата за новата натпреварувачка сезона. Се додека единствениот акционер на стадионот под Тумбе кафе - Општина Битола не повлече конкретен потег околу реновирање на целиот објект или само на помалата трибина, спортската структура не може многу да вложува во подобрување на условите.

22. 7. 2013.

Добра презентација на битолските мото-крос возачи

НА ИСТОЧНО-ЕВРОПСКИОТ МОТО-ШАМПИОНАТ ВО СРБИЈА, БОРЧЕ КОСТОВ ШЕСТОПЛАСИРАН
Македонската мото репрезентација учествуваше на Источно-европскиот шампионат во мото-крос, а најголем броj учесници беа од Битола. Најдобар пласман имаше Борче Костов од ЛТД на шестото место, а Гоце Томовски беше деветтопласиран, Лука Ристевски на деветтото место, Адријан Ристевски исто така на деветтото место, а Христијан Станковиќ на десеттото место.

Тодоровски ги собра сите медали

НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО ПЛИВАЊЕ МАРТИН ТОДОРОВСКИ СЕ ВРАТИ СО ДЕСЕТ МЕДАЛИ
На отворениот олимписки базен “Аеродром“ во Скопје, се одржа државното првенство на Македонија во пливање. Олимпик од Битола настапи со три пливачи и ја продолжи тригодишната низа од успеси. Пливачот на Олимпик Мартин Тодоровски освои дури 10 медали.

21. 7. 2013.

Финишот кобен за пелистерци

СО ДВА ГОЛА ВО ПОСЛЕДНИТЕ НЕКОЛКУ МИНУТИ, ПЕЛИСТЕР ПОРАЗЕН ОД РЕНОВА ВО КОНТРОЛЕН МЕЧ ВО ОХРИД
Пријателски меч
Пелистер - Ренова 0:2 (0:0)

Стадион: „Биљанини извори„ - Охрид. Гледачи: 100
Главен судија: Tоде Блажевски
Асистенти: Златко Стојановски и Влатко Дренковски (сите од Битола)
Стрелци: во Емини 82 и Максути 87 минута за Ренова
Жолт картон: Китановски (Пелистер)
Црвен картон: Китановски (Пелистер)

РK Пелистер се засили со французинот Риве

ПРВО НОВО ИМЕ ВО РК ПЕЛИСТЕР ВО ЛЕТНИОТ ПРЕОДЕН РОК
 
Ракометниот тим на Пелистер го ангажираше во своите редови французинот, Даниел Риве. Се работи за ракометар кој има прволигашко искуство во француската лига и игра на позицијата среден бек, со што воедно Филип Чурлевски ќе добие конкуренција на тоа место.

19. 7. 2013.

Вака изгледаат новите дресови на Пелистер

ВО НОВАТА СЕЗОНА ПЕЛИСТЕР ВО ДРЕСОВИТЕ НА „ЈАКО„ ПРОМОЦИЈАТА ВО ПРВОТО КОЛ НА ПОЧЕТОКОТ НА АВГУСТ ПОД ТУМБЕ КАФЕ                                                                   
Веќе е познато како ќе изгледаат дресовите за сезоната 2013/14 на ФК Пелистер. Зелено-белите новите дресови од компланијата „Јако„ со логото на спонзорот „Пелистерка„ ќе ги промовираат на мечот со Еуромилк во Битола на 4 август.

18. 7. 2013.

Новаци „тврд орев„ се до самиот финиш

ПОДМЛАДЕНИОТ ТИМ НА ПЕЛИСТЕР ВО ФИНИШОТ ДОЈДЕ ДО ПОБЕДАТА ПРОТИВ ДОБРО ОРГАНИЗИРАНИОТ НОВАЦИ
Пријателски меч
Новаци - Пелистер 1:2 (1:0)

Стадион во Новаци. Гледачи: 100
Судии: Стојановски, Дренковски и Ралевски (сите од Битола)
Стрелци: Котевски во 36 минута за Новаци, Мирчевски во 84 и Трајковски во б7 минута за Пелистер
Жолти картони: Котевски и Ѓорговски (Новаци)
Црвени картони: нема

Тони Магловски на одстапка во Миравци

ЗАРАДИ ГОЛЕМАТА КОНКУРЕНЦИЈА, ПЕЛИСТЕР ГО ПРАТИ НА ОДСТАПКА МЛАДИОТ ДЕФАНЗИВЕЦ ТОНИ МАГЛОВСКИ
Младиот дефанзивец на Пелистер Тони Магловски од денес е нов член на амбициозниот второлигаш Миравци, каде тренер е битолчанецот Зоран Штерјовски. Младиот 20 годишен централен одбранбен фудбалер замина по драгоцено искуство на истокот од нашата земја, откако ги мина подготовките со Пелистер во Бугарија.

16. 7. 2013.

Ждребката му се насмевна на пелистерци

Познат е календарот на натпревари за сезоната 2013/14 во Првата фудбалска лига. Пелистер ќе дебитира во Битола против новиот прволигаш Еуромил, против кого никогаш не играл за прволигашки бодови, а се сретнал само во Втората лига. Пелистерци скоро сите дерби средби во првиот круг ги играат под Тумбе кафе.

„Пелистерка„ ќе стои на дресот на Пелистер

ДЕНОВИВЕ ЌЕ БИДЕ ПОТПИШАН СПОНЗОРСКИ ДОГОВОР НА ПОЗНАТАТА БИТОЛСКА КОМПАНИЈА И ФУДБАЛСКИОТ КЛУБ
 
Уште по првите две-три недели видливи се новите „ветришта„ во битолски Пелистер. И не само во играчкиот кадар, туку и во организационата поставеност и во делот на маркетингот. Долго годишната желба елитна битолска компанија да биде дел од спонзорскиот тим на клубот е остварена со потпишувањето на договорот за соработка меѓу познатиот македонски бренд „Пелистерка„ и познатиот фудбалски клуб.

15. 7. 2013.

Богдановски најуспешен, најголем ќар имаат Стојковска и Лазов

НОВ БЛЕСОК НА ЕДИНСТВЕНИОТ БИТОЛСКИ ВЕЛЕМАЈСТОР НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ШАХ
Битолскиот велемајстор (ВМ) Влатко Богдановски (2.435, 19. рангиран на турнирот) го освои 16. место на меѓународниот турнир „Спортско лето“, во Параќин, со 5,5 поени (три победи, пет ремија, еден пораз) од девет можни и е најуспешни Македонец од петтмина што настапија. Интернационалниот мајстор (ИМ) од Скопје Дејан Стојановски (2.439, 18-рангиран) заврши на 28-то место, со пет поени (три победи, четири ремија, два пораза).

Тосковски и Митевски во Аполдер во Германија

ДВАЈЦА РАКОМЕТАРИ НА ПЕЛИСТЕР СЕ СЕЛАТ ВО ТРЕТАТА ГЕРМАНСКА ЛИГА
Двајца ракометари од искусната гарнитура на Пелистер се одлучија да го прифатат предизвикот и да заминат во странство. Голманот и долги години капитенот на зелените Игор Тоскоски и крилото Васил Митевски потпишаа договор со германскиот третолигаш Аполдер крај Дрезден.

14. 7. 2013.

Последни мигови на пелистерци во Банско

ВЕЧЕРВА ПЕЛИСТЕРЦИ ПО ПОСЛЕДНИОТ ТРЕНИНГ, СЕ ВРАЌААТ ЗА БИТОЛА ПО ДЕСЕТТО ДНЕВНИ ПОДГОТОВКИ КАЈ НАШИОТ ИСТОЧЕН СОСЕД

Вечерва во Банско, фудбалерите на Пелистер ќе го реализираат последниот тренинг и по вечерата ќе тргнат на пат за Битола, завршувајќи ги десетто дневните подготовки во Бугарија. Во последните два дена групата е комплетна, бидејќи по повредата од мечот со Литекс и Бурхан Мустафов е во стројот и ги извршува секојдневните обврски.

13. 7. 2013.

Главевски успешно опериран, од вторник ја почнува рехабилитацијата

ИСКУСНИОТ НАПАЃАЧ УСПЕШНО ОПЕРИРАН ВО СКОПЈЕ ПО ПОВРЕДАТА НА КОЛЕНОТО
 
Несреќниот напаѓач на Пелистер, Благојче Главевски пред неколку дена успешно е опериран на коленото и уште неколку дена ќе биде во скопската болница, а од вторник се враќа во Битола и ќе го почне процесот на рехабилитација.

12. 7. 2013.

Второ и трето место за КК„Младост„ на турнирот во Барселона

НОВ МЕЃУНАРОДЕН УСПЕХ НА КК МЛАДОСТ. ОВОЈ ПАТ БЛЕСОК СРЕД КАТАЛОНИЈА
Во периодот од 28-30 јуни младите кошаркари и кошаркарки на Младост  учествуваа на Третиот меѓународен кошаркарски турнир „Барселона Баскетбал Куп 2013“ кој што се одржа во спортскиот комплекс „Марбела“ во Барселона.

Против Јагодина, првите знаци за новиот Пелистер

ПРЕД КРАЈОТ НА ПОДГОТОВКИТЕ ПЕЛИСТЕР ГИ ДОБИ ПРВИТЕ СИГНАЛИ КАКО ТРЕБА ДА ИЗГЛЕДА ВО НОВИОТ ШАМПИОНАТ
Уште два дена Пелистер ќе биде во Банско на своите базични подготовки за новата сезона. Денес тренерот Драган Бочевски им даде слободен ден на фудбалерите по шест тренинзи и три меча во овој бугарски планински спортски центар. Ако на тоа се додаде и мечот во Тетевен со Литекс, пелистерци во целост ја остварија планираната програма која ја предвидоа.

Пивковски во Новара за добредојде погоди против Милан

МАКЕДОНЕЦ СО ШВЕДСКИ ПАСОШ ГО ЗАСИЛИ НАПАДОТ НА НОВАРА И БЛЕСНА НА ДЕБИТО ПРОТИВ МИЛАН
 
Малкумина знаат дека Пандев и Стефан Ристевски не се единствените македонци кои играат во Италија. Од пред некој месец во италијанскито второлигаш Новара потпиша 19 годишниот Филип Пивковски, кој по потекло е од Битола, но поникна во школата на Малме и настапува за сите младински селекции на Шведска.

11. 7. 2013.

„Сефте„ за Жуниор, најпозитивен Пелистер за крај

Пелистер одигра најквалитетно во четвртиот тест на бугарско тло и го совлада освојувачот на српскиот Куп
Пријателски меч:
Пелистер - Јагодина 2:0 (1:0)

Стадион во Разлог (Банско) - Бугарија. Гледачи: 100
Главен судија: Ѓорѓи Иванов
Асистенти: Емил Вангелов и Николај Марков (сите од Бугарија)
Стрелци: Жуниор од пенал во 3 и К. Степановски во 69 минута за Пелистер
Жолти картони: Христов, Марковски, Мојсов (Пелистер), Илиќ (Јагодина)