Powered By Blogger

8. 3. 2015.

Охрабрувачка победа за ракометарите на Пелистер

СО ПОБЕДА ВО ДИРЕКТЕН ДУЕЛ, РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ЈА ПОЧНАА ПРОЛЕТТА ВО ДОМАШНАТА ВИП СУПЕР ЛИГА 
Пелистер - Металург 2 21:14 (6:8)

Ракометерарите на Пелистер со победата над Металург 2 со 21:14, иако на полувремето губеше со 6:8 се доближија до плеј-офот. Најзаслужни за победата со која Пелистер се израмни со Радовиш со бодовите (двете имаат по 27), беа црногорските интернационалци Филип Симоновиќ кој имаше 15 одбрани и 2 седмерци и Богдан Николиќ кој постигна 5 голови. Мечот изобилуваше  со многу технички грешки и добра игра во одбрана.
А во одредени периоди од мечот и едната и другата екипа по 7-8 минути беа без постигнат гол. Оваа победа многу значи за младата екипа на Игор Николовски, која и оваа зима се соочуваше со многу проблеми, но еве со победа ја почнува ракометната пролет. 

Нема коментара:

Постави коментар