Powered By Blogger

24. 3. 2015.

Реми на Б екипата на Пелистер на гости кај Работнички

РЕМИ НА Б ТИМОТ НА ХАЏИЕВСКИ ПРОТИВ РАБОТНИЧКИ ВО СКОПЈЕ
Работнички - Пелистер 1:1 (0:1)

Продолжува позитивниот тренд за фудбалерите на Пелистер, кога играат во главниот град. По ремито на првата сениорска екипа против лидерот Вардар, во заостанатиот меч од Б лигата, Пелистер извлече бод од гостувањето кај Работнички, играјќи 1:1.
Филип Миленковски од пенал го постигна водечкиот гол за зелените, а дебармаалци во продолжението израмнија. Ова е второ реми во лигата на Б тимовите, по она пред две недели на теренот на Металург, кога битолчани играа 0:0.

Нема коментара:

Постави коментар