24.03.2015.

Кошаркарките на Младост поразени во младинското Куп финале

НОВ ГОЛЕМ УСПЕХ ЗА КОШАРКАРКИТЕ НА МЛАДОСТ ВО МЛАДИНСКИОТ КУП  
Кошаркарките на Младост - девојки родени 1997 и помлади за прв пат во богатата клупска историја играа во финалето на младинскиот Куп на Mакедонија, натпревар кој што беше во организација на МКФ. Во неизвесен натпревар, но само во првите две четвртини, во салата „Градски парк„ во Скопје, битолчанки беа поразени од екипата на „Бадел 1862“ од Скопје со резултат 79:59.
Заморот од долгата сезона која е во тек беше видлив кај девојките на Горјан Стојановски и Александар Николов кои на моменти резултатски се приближуваа, но на крајот немаа сили за изненадување. Сепак, освоеното второ место претставува голем успех за клубот и за битолската женска кошарка бидејќи досега ниту една екипа нема играно во финалето на домашниот Куп. „Одигравме според договореното, но штета што бевме непрецизни во моментите кога се решаваше натпреварот, противникот тоа знаеше да го казни со шут за три поени. Честитки за победникот, но горд сум на своите играчи кои го дадоа максимумот. Ни претстои борба за шампионската титула во оваа категорија и се надевам дека ќе им се реваншираме за овој пораз„ ни изјави по враќањето тренерот Горјан Стојановски. На финалниот натпревар за Младост настапија: Јовановска 4, Марковска 9, Спировска 4, Стојановска 12, Тасева, Кузмановска 13, Марковска, Мандиќ 4, Размовска, Цветановска 9, Мицевска, Кожобашиовска 4.

Нема коментара:

Постави коментар