18.03.2015.

Првенец за Мирко Ивановски во дресот на Видеотон

ГОЛ ЗА ИВАНОВСКИ ВО ЛИГА КУП ПОБЕДАТА НА ВИДЕОТОН ВО ДЕБРЕЦИН
Македонскиот напаѓач Мирко Ивановски го постигна првиот гол во дресот на Видеотон. На првиот меч од четвртфиналето на Лига Купот, на гостувањето кај Дебрецин, битолчанецот доби шанса од првата минута и во победата од 2:3, вгради гол од пенал во 31 минута.
Претходно од најстрога казна погоди и Алварез во 9 минута, а пеналот беше направен токму врз Ивановски. И првиот гол за Дебрецин падна од пенал, а го реализира Михалиќ во 37 минута. Во 89 минута Дебрецин израмни со голот на Сидибе. Во четвртата минута од судиското надополнување Фечесин го постигна голот за 2:3 и триумф на екипата на Ивановски. Видеотон со овој триумф блиску е до полуфиналето на Лига Купот на Унгарија. Возвратниот меч се игра на 21 април на теренот на Видеотон. Ивановски кој одигра 79 минути, не е повикан во националната репрезентација за мечевите со Белорусија и Австралија. Тој оваа зима од Клуж од Романија се пресели во унгарскиот Видеотон. 

Нема коментара:

Постави коментар