11.03.2015.

Стенио Жуниор кобен за својот поранешен клуб

КВАЛИТЕТНИОТ ТЕТОВСКИ КЛУБ ВО ВТОРИОТ ДЕЛ ГО „СКРШИ„ ОТПОРОТ НА ЖИЛАВИОТ И МЛАД ПЕЛИСТЕР
Прва фудбалска лига - 19 коло

Шкендија - Пелистер 2:0 (0:0)

Стадион на Башкими во Куманово. Гледачи: 300
Главен судија: Стефче Шулески (Охрид)
Асистенти: Жарко Тодоровски (Охрид) и Лазе Чакаревски (Струга)
Делегат: Душко Мандаровски (Скопје)
Стрелци: Кировски во 56 и Стенио Жуниор во 93 минута за Шкендија
Жолти картони: Демири, Положани (Шкендија), Г. Тодоровски, Смоковски, Биљали (Пелистер)
Црвени картони: нема


Шкендија:
Јовановски, Б. Тодоровски, Милиев, Вукчевиќ, Демири, Усеини, Алими (од 77м. Јуфо), Положани, Стенио Жуниор, Идризу (од 46м. Кировски), Вручина (од 67м. Митров)

Пелистер:
Драгојевиќ, Петковски, Талевски (од 68м. Стајев), Велковски, Чешмиџиев, Г. Тодоровски (од 79м. Анастасов), Петрески, Смоковски, Мирчевски, Станојевиќ (од 46м. Биљали), Цирлидис

Битолски Пелистер го претрпе и вториот пролетен пораз, а тетовска Шкендија ја забележа втората пролетна победа и остана на осум бода негатива во однос на лидерот Вардар. По денешната победа во Куманово против битолски Пелистер со 2:0, тетовчани покажаа дека имаат тим дури и за титула, а зелените ќе мора бодови да бараат против послабите противници. Христијан Кировски во 56 минута на асистенција на бившиот фудбалер на битолчани Стенио Жуниор ја погоди мрежата на гостите, а потоа напаѓачот му возврати со асистенција на Бразилецот за и тој да погоди во 93 минута, па Шкендија ги освои три бода на тетовските-црвено-црни и со тоа ја продолжи агонијата на Пелистер. Битолчани кој од 14 септември немаат победа во Првата лига, пред десет дена загубија дома од Брегалница на стартот на пролетната етапа. В недела под Тумбе кафе гостува првакот Работнички. 

Нема коментара:

Постави коментар