10.03.2015.

Надежите загубија од Словачка, Бобан Здравевски стрелец

МЛАДИОТ БИТОЛЧАНЕЦ, НАЈСВЕТЛА ТОЧКА ВО ПОРАЗОТ НА НАДЕЖИТЕ ОД СЛОВАЧКА
Младата македонска фудбалска репрезентација до 17 години го загуби првиот од двата пријателски натпревари против врсниците од Словачка. Натпреварот кој се одигра во тренинг-комплексот „Петар Милошевски заврши со резултат 1:3 за гостите.
Единствениот гол за македонските надежи го постигна битолчанецот Бобан Здравевски, син на бившиот репрезентативец, Сашо Здравевски. Двете репрезентации својот втор пријателски меч ќе го одиграат на 12 март со почеток од 11 часот.

Нема коментара:

Постави коментар