Powered By Blogger

29. 3. 2015.

Прилеп ги втурна пелистерци во плеј-аут зоната

ПЕЛИСТЕР ПОРАЗЕН КАЈ СОСЕДОТ, ОСТАНА БЕЗ МЕСТО ВО ПЛЕЈ-ОФОТ
Прилеп - Пелистер 28:24 (14:12)

Прилеп го доби пелагониското дерби и за разлика од Пелистер ќе игра во плеј-офот на Суперлигата, меѓу шесте најдобри во државата. Битолчани со тоа што испаднаа од тоа друштво, нема да играат во Европа, доколку не направат сензација во националниот Куп. Од самиот почеток па до крајот со подобра игра, Прилеп дојде до победа во пелагониското дерби.
Водството од четири гола разлика од почетокот на натпреварот го задржаа до крајот на натпреварот, па понесени од полната трибина во салата на СОУ „Ристе Ристески Ричко„ го совладаа големиот ривал. До првиот гол пелистерци чекаа дури 10 минути, па до тогаш прилепчани веќе направија предност. Голманот на домаќинит Божиноски со своите одбрани уште повеќе ги мотивира своите соиграчи да се одлепат, а ги депримира гостите кои до полувремето намалија на 14:12. Прилеп започна во продолжението уште пофуриозно и направи разлика од +10, со што веќе се наѕираше победникот и тимот кој ќе игра во плеј офот. На крајот можеа да си дозволат и да ги разиграат своите помлади ракометари, а со тоа да ги заштедат најдобрите за дуелите скои следат. Победата од 28:24 беше заслужена, иако можеше да биде и со многу поголема разлика.

Нема коментара:

Постави коментар