Powered By Blogger

31. 3. 2015.

Победа на резервистите на Пелистер против Силекс во Пробиштип

ПОБЕДА И ПОЗИТИВНИ МОМЕНТИ ЗА ПЕЛИСТЕРОВИТЕ РЕЗЕРВИ ВО ПРОБИШТИП 
Силекс Б - Пелистер Б 2:3 (1:2)

Фудбалерите на Пелистер го продолжија позитивниот момент, откако во мечот на Б тимовите, го совладаа Силекс во Кратово со 2:3 и по ремито со Работнички со 1:1, Б тимот на Пелистер продолжува да бележи се подобри резултати и со тоа најавува подобри денови и на најсилниот состав.
Хаџиевски за мечот во Пробиштип против Силекс поведе многу првотимци и голем дел од оние кои добија шанса максимално ја искористија. Головите за Пелистер Б ги постигнаа Енсар Сулејмани, Васко Распашковски и Љутви Биљали. В сабота против Хоризонт Турново зелените имаа најважен тест од почетокот на пролетниот дел на шампионатот. 

Нема коментара:

Постави коментар