Powered By Blogger

16. 3. 2015.

Пелистер смета дека му се суди по два различни аршина

БОРДОТ НА ДИРЕКТОРИ НА ФК ПЕЛИСТЕР СО СООПШТЕНИЕ ВО КОЕ ПАК АПОСТРОФИРА КАКО СЕ ГРЕШКИ НА НЕГОВА ШТЕТА И ОВАА ПРОЛЕТ
Еден ден по поразот од Работнички, бордот на директори на ФК Пелистер се огласи со соопштение во кое бара подобар третман кај судиите и оние кои ги делегираат. Тие тврдат дека се оштетени на секој од трите натпревари оваа пролет. Соопштението го емитуваме во целост:

ФК Пелистер уште еднаш напоменува дека главната причина за поразите во пролетниот дел од шампионатот ја бара во своите редови и со детална анализа верува дека ќе излезе од негативниот момент. Но исто така на цивилизиран и потполно легитимен начин протестира за својот третман кај официјалните лица, кај фудбалските структури на зелениот терен. Три пролетни натпревари Пелистер е трн в око кај делителите на правдата, кои во наведените случаи донесуваат одлуки на штета на нашиот клуб. Иако такви ситуации сме имале и во есенскиот дел, веруваме дека сериозно ќе се разгледа критериумот на судиите на трите средби во вториот дел од првенството. Апострофираме дека на сите три натпревари критериумот на судиите не е изедначен и постојат видео снимки од ситуации во кои за краток временски интервал судиите користат два различни аршини на донесување на одлуките. Сметаме дека со тоа се прави опасен исклучок кој директно влијае на резултатот, исходот, на табелата и на клубските цели. Бараме поголемо внимание и при изборот на судиите и при донесувањето на клучните одлуки на самите натпревари. Сметаме дека против Брегалница, Шкендија и Работнички имаше четири ситуации кои се проценети на лош начин, а нашиот клуб е директна жртва на тие одлуки. Подготвени сме и да ги анализираме повторно тие ситуации и да алудираме на поголема професионалност и воедначеност при одлуките. Сепак иднината на цел еден проект, еден клуб и еден град зависи од тие мали, а  сепак големи детали. Веруваме дека слична е ситуацијата и при одлуките кај одредени други клубови во нашата земја.

Нема коментара:

Постави коментар