16.03.2015.

Теона Манго, нова сноуборд првенка на Македонија

МЛАДАТА БИТОЛЧАНКА, ТЕОНА МАНГО ПО ВТОР ПАТ ДРЖАВНА СНОУБОРД ПРВЕНКА 

Вчера во Маврово, се одржа Државниот натпревар во Сноубординг-Велеслалом за деца и јуниори на кој зедоа учество 40тина учесници од Република Македонија. Златниот медал во категоријата за јуниорки од 16 до 18 години го освои битолчанката Теона Манго (16год) член на Сонуборд клубот ПОЛАР од Скопје, за кој настапува 7 години.
Ова е втор медал за Теона, после освојувањето на сребро за освоено второ место во истата дисциплина на Државниот натпревар пред 2 години. После медалите за битолските скијачи на државниот натпревар во скијање, оваа награда за сноубординг е ретка за Битола, со оглед на тоа што, иако Пелистер го имаме на дофат нема посериозни услови за професионално занимавање со белите спортови. Од тие причини Теона Манго тренира за скопски сноуборд клуб.

Нема коментара:

Постави коментар