Powered By Blogger

15. 3. 2015.

Работнички владееше, па трепереше за бодовите под Тумбе кафе

ПЕЛИСТЕР И НАТАМУ ВО НЕГАТИВНА СЕРИЈА, РАБОТНИЧКИ СО ПОЛН ПЛЕН СЕ ВРАЌА ОД БИТОЛА 
Прва фудбалска лига - 20 - коло

Пелистер - Работнички 1:3 (0:3)

Градски стадион под Тумбе кафе - Битола. Гледачи: 1000
Главен судија: Стефче Шулески (Охрид)
Асистенти: Дејан Неделковски и Гоце Петревски (Скопје)
Делегат: Митко Локоски (Охрид)
Стрелец: Тодоровски во 51 минута за Пелистер, а Алтипармаковски во 10 и Илијоски во 15 и 40 минута од пенал за Работнички
Жолти картони: Миленковски, Биљали (Пелистер), Петровиќ, Цикарски (Работнички)
Црвени картони: Ефремов во 50 и Петровиќ во 90 минута за Работнички

Пелистер:
Драгојевиќ, Петрески, Смоковски (од 69м. Речковски), Тодоровски, Велковски, Анастасов, Цирлидис (од 46м. Биљали), Митиќ (од 31м. Љамчевски), Станоевиќ, Петковски, Чешмиџиев

Работнички:
Ефремов, Сахити (од 67м. Анене), Вујчиќ, Илијоски, Силјановски, Велковски, Петровиќ, Алтипармаковски (од 89м. Додевски), Трајчевски, Цикарски, Илиевски (од 51м. Божиновски)

Играч на натпреварот:
Марјан Алтипармаковски (Работнички)

Во обид да ја прекине црната серија, Пелистер се потпре на србинот Игор Станојевиќ во нападот покрај гркот Цирлидис. Шампионот одговори со тандемот Илијоски - Алтипармаковски и со проверениот рецепт на игра од оваа пролет. Првата закана ја имаа гостите кога по корнерот на Илијоски, волеј фати Стефан Вујчиќ, но Драгојевиќ беше буден на голот. Минута подоцна домашната одбрана го заборави Алтипармаковски меѓу линии, овој со левата нога по земја пласираше и топката од дирекот заврши во мрежата. Бившиот пелистерец кобен за својот матичен клуб, не се радуваше на постигнатиот погодок. Не стигна ниту реакцијата на битолчани, а гостите веќе водеа со 0:2. И среќата му ги сврте грбот на зелените, па кога Чешмиџиев се обиде да расчисти, го погоди Илијоски, овој со многу среќа ја погоди стативата и топката пак се одби во неговите нозе и не му беше тешко да ја втурне од само 2-3 метра во празната мрежа. Најлош можен почеток за младата битолска екипа и зрело користење на секоја и најмала укажана можност за дебармаалци. И покрај амбицијата, одговорот на Пелистер изостана. Младите момци на Хаџиевски имаа видлива желба, но не создаваа зрели шанси во изобилство. Србинот Митиќ се закани со удар од работ на шеснаесетникот во 26 минута, но неговиот удар беше непрецизен и заврши преку пречката. Уште во 31 минута Хаџиевски ја изврши првата замена, па на местото на Митиќ во игра влезе Петар Љамчевски. Веднаш нововлезениот фудбалер се закани со центаршут од левата страна, кој лесно можеше да заврши во голот, но Андреја Ефремов ја контролираше ситуацијата. Во 39 минута по инвидуалната акција на Суад Сахити, на влезот во казнениот простор постави нога Тодоровски и судијата Шулески веднаш покажа на белата точка, иако се чинеше дека неговата одлука е престрога. Милош Драгојевиќ го прочита ударот на на Баже Илијоски, но покрај поспаната домашна одбрана, пак капитенот на гостите натрча и ја затресе мрежата на битолчани по трет пат. Победникот беше решен, а гостите со неверојатна ефикасност покажаа со какви амбиции влегуваат оваа пролет. Првиот дел покрај свирежите на битолската публика заврши со удар на Гоце Тодоровски од 25 метри во пречката од гостинскиот гол. И среќата не им беше наклонета на зелените, кои затаија во целост во првото полувреме. На почетокот од вториот дел се разбуди надеж кај домаќините. Несмасно голманот на Работнички, Андреја Ефремов ја фати топката со рака надвор од казнениот простор пред нововлезениот Биљали и на асистенција на помошникот, Стевче Шулески му покажа црвен картон. Од слободниот удар Гоце Тодоровски биеше низ живиот зид и Пелистер намали на 1:3. Ова е прв пролетен гол за зелените и прв под Тумбе кафе од 14 септември минатата година и мечот со Тетекс. Работите на теренот драстично се сменија, Пелистер загосподари, имаше неколку мешаници и 2-3 последователни корнери. Во 61 минута Петар Љамчевски беше повлечен за дрес на само 5-6 метри од Божиновски, но охридскиот судија не покажа на белата точка. Во 65 минута Биљали излезе очи в очи со Божиновски, но не ја зафати топката и пропадна повеќе од ветувачка можност. Се играше само пред гостинскиот гол, а битолчани неколку пати протестираа заради одлуките на помошникот судија при проценката на недозволените ситуации. Шанса доби и Речкоски на место на Смокоски и Хаџиевски со супер офанзивен тим се обиде да се врати во мечот. Во 82 минута Александар Анастасов фати волеј со левата нога, но неговиот удар заврши крај десната статива на Божиновски. Чешмиџиев со глава ја имаше последната домашна шанса, а по вториот жолт картон на Петровиќ, гостите мечот го завршија со девет фудбалери. Гостите го одбија и последниот бран на напади на Пелистер и забележаа витални бодови за задржување на шампионските амбиции. Пелистер со третиот пролетен пораз и натаму е „до гуша„ во проблеми, а веќе наредниот викенд доаѓа „вечното дерби„ во Скопје.  

Нема коментара:

Постави коментар