13.03.2015.

Кобен пораз во Охрид за рушење на плеј-оф надежите за пелистерци

КОБЕН ПОРАЗ ЗА РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО ОХРИД И ВЕРОЈАТНО ЗБОГУВАЊЕ СО ПЛЕЈ-ОФ АМБИЦИИТЕ
Охрид - Пелистер 27:21 (14:10)

Охридските ракометари пред своите гледачи со 27:21 (14:10) го совладаа Пелистер во 16 коло од Супер лигата и драстично ги намалија шансите на екипата на Николовски за пласман во плеј-офот. Избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски  добро започнува и со брзи голови веднаш направија предност на семафарот (8:4).
Одговорот доаѓаше од Дрогришки, кој заедно со Богдан Николиќ се обидуваше да парира и битолчани израмнија на 9:9. Караиванов и Вешоски до одморот го оддалечија домашниот тим до +4. Мечот, кој живот значеше за Пелистер си го направи своето. Гостинските ракометари со серија голови и добра одбрана се вратија во игра и во 43 минута (19:18). Охридските ракометари додадоа брзина погоре, возвратија со иста мера и му се вратија на вообичаената предност. Брзоплетите напади на гостите во финишот оставија простор за контри со кои охриѓани им пресудија на битолчани за конечни 27:21.

Нема коментара:

Постави коментар