05.03.2015.

Станоевиќ се враќа за гостувањето во Тетово

СРБИНОТ ИГОР СТАНОЕВИЌ ПОДГОТВЕН ЗА ДЕБИТО ВО ЗЕЛЕНИОТ ДРЕС
Главна цел на битолски Пелистер по лошиот старт на пролетта е да не се обесхрабрува, бидејќи младата екипа на Хаџиевски пред себе има нови испити на зрелоста. Следуваат мечевите со најдобрите екипи во лигата, каде пелистерци немаат што да загубат и со комплетирањето на целиот ростер екипата може да игра само подобро.
Така во ремито 0:0 во Скопје против Металург во мечот на Б екипите, шанса добија оние млади фудбалери кои не настапија против Брегалница и оние кои стручниот штаб сака да ги провери во пресрет на наредните мечеви. Ви Битола цела недела работи со екипата и опоравениот српски интернационалец Игор Станоевиќ, кој се повреди по првиот меч на турските подготовки и пропушти скоро три недели од најчувствителниот период за тимот. Со неговото враќање, зелените добиваат уште една опција во средниот ред, а наскоро во комбинација за првиот тим ќе бидат и останатите повредени Степановски, Трајковски и Крстевски. Пелистер последен пат освоил бодови на теренот на Шкендија во декември 2013 година, кога беше 0:0. Во последниот меч под Шара, домашната екипа славеше со 4:0, а во првиот дел од овој шампионат во Битола беше 0:0. 

Нема коментара:

Постави коментар