Powered By Blogger

3. 1. 2013.

Ново исчекување во Пелистер

ПРОЛОНГИРАНИ ОДЛУКИТЕ ВО ПЕЛИСТЕР ЗА НАРЕДНАТА НЕДЕЛА, ШТОМ ЌЕ БИДЕ ОТКРИЕН КОМПЛЕТНИОТ КЛУБСКИ БУЏЕТ
Слично како минатото лето во Битола веќе половина месец не може да се реализира спортскиот проект за 2013 година заради се почестите одлагања околу финансискиот дел од главниот акционер општина Битола. Така според најновите инфомации клубот ќе мора во периодот од целата наредна недела да ги реши најавените новини.
Така до наименување на нов тренер на клубот, треба да се подмират заостанатите долгови кон фудбалерите кои настапуваа во есенскиот дел. Според информациите од кулоарите Никола Илиевски Џиџи е кандидат за „зелената„ клупа. Со него е направен и прелиминиран разговор, но ништо повеќе од тоа. Исто така од назначувањето на новиот тренер, зависат и потенцијалните засилувања. Клубот не изготви класична трансфер-листа, но потврди дека ослободени од обврските се фудбалерот за врска Марко Павлов и напаѓачот Никола Марковски. Првиот играше во поголемиот дел од средбите во првиот дел од сезоната, а вториот имаше скромна минутажа и постигна еден гол во националниот Куп. Пелистерци веруваат дека нормално ќе ги започнат подготовките на 16 јануари. Според грубиот план ќе тренираат под „Тумбе кафе„ доколку временските услови дозволат до почетокот на фебруари, а потоа треба да заминат на потоплите краишта за двонеделни подготовки. Ако во Битола се повтори минатата зима, тогаш фудбалерите нема да имаат оптимални услови за тренинг во градот под Пелистер.

Нема коментара:

Постави коментар