Powered By Blogger

10. 7. 2014.

Сакаме А, а не Б светско првенство!

НА ДВА МЕЧА ДО КРАЈОТ НА НАСТАНОТ НА ГОДИНА, СКОРО НИКОМУ НЕ МУ Е ЖАЛ ШТО МУНДИЈАЛОТ ЗАВРШУВА
Полека зад нас го оставаме веројатно најлошото и најмалку квалитетното светско првенство во модерната ера. Можеби само мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја во 2002 година може да се парагонира со овој фудбалски ужас кој цел еден месеци ни креира лажни или скриени вредности, нерегуларности колку што сакаш, лоша организација, поднаместена и пилотирана ждрепка, нарачано лоша арбитража и слично.

Повредата на Брдаровски не е сериозна, наскоро им се враќа на тренинзите

ДЕФАНЗИВЕЦОТ НА ПЕЛИСТЕР ДОБРО МИНА ПО ПОВРЕДАТА НА СКОЧНИОТ ЗГЛОБ
На еден од последните тренинзи на битолските зелени, незгодно го повреди скочниот зглоб офанзивниот десен бек Владица Брдаровски. Дури и стручниот штаб и навивачите стравуваа дека се работи за сериозна повреда, но по магнетната резонанца утврдено е дека Брдаровски имал многу среќа и дека добро минал.

9. 7. 2014.

Без понуди за Пелистер по втор пат, клубот останува под општинска капа

НЕИЗВЕСНОСТ НАД ФК ПЕЛИСТЕР И ПО ВТОРИОТ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРОДАЖБА
Ниту во вториот предвиден рок на јавниот повик на општина Битола немаше ниту една писмена понуда за купување на клубот. Од Општина Битола стигна информација дека епилогот е ист како при првиот повик и покрај интересот и неколку разговори со потенцијални купувачи.

8. 7. 2014.

Пелистер и Општина Битола не се откажуваат од „Тумбе кафе„

БИТОЛЧААНИ ВЕРУВАТ ДЕКА ЌЕ ГИ САНИРААТ НЕДОСТАТОЦИТЕ НА СТАДИОНОТ ПОД ТУМБЕ КАФЕ
Битолскиот прволигаш Пелистер не се откажува од својот стадион „Тумбе кафе“ и покрај тоа што со последната одлука на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на овој стадион не може да се игра прволигашки фудбал.

ФФМ го затвори „Тумбе кафе„

НА ЕДЕН МЕСЕЦ ДО ПОЧЕТОКОТ НА НОВИОТ ШАМПИОНАТ, ПЕЛИСТЕР ОСТАНА БЕЗ ТЕРЕН ЗА НАТПРЕВАРИ
Се отвора нов голем проблем за битолскиот фудбал и за ФК Пелистер. На Градскиот стадион во Тетово, каде како домаќини се јавуваат Шкендија и Ренова, на стадионот „Железарница“ во Автокоманда каде домаќин е Металург и на „Тумбе Кафе“ во Битола не може да се играат натпревари од Првата лига, утврди ФФМ согласно извештајот на Телото за инфраструктура.

Црногорец го засилува Пелистер?

НАЈАВЕНО ПРВОТО ГОЛЕМО ЗАСИЛУВАЊЕ НА ПЕЛИСТЕР ЗА НОВАТА РАКОМЕТНА СЕЗОНА
Десниот бек од Целје Пивоварна Лашко, Црногорецот Стефан Чавор (19) е на пат да дојде во Битола и во новата сезона да игра за Пелистер, а веќе и почнати се преговори со играчот кој зад себе има искуство со играње и во шпанска АСОБАЛ лига.

7. 7. 2014.

Петар Љамчевски се враќа во Пелистер

ПО ПОМАЛКУ ОД ЕДЕН МЕСЕЦ МЛАДИОТ ФУДБАЛЕР ЗА ВРСКА СЕ ВРАЌА ВО МАТИЧНИОТ КЛУБ
Младиот фудбалер за врска кој поникна во школата на Пелистер, Петар Љамчевски иако близу еден месец тренираше со Металург и одигра контролни натпревари, се враќа во Пелистер и во новата сезона ќе го носи дресот со зелена боја на битолскиот прволигаш.

Стартна победа на ХЈС на „Диомидис Купот„ во Грција

ПОБЕДА НА МЛАДИТЕ РАКОМЕТАРИ НА ХЈС ВО ПРВИОТ МЕЧ НА ТУРНИРОТ ВО ГРЦИЈА

ХЈС Битола - Волос 23:19 (13:7)

Ракометарите на ХЈС од Битола со победа стартуваа на меѓународниот турнир во Грција, Диомидис Куп кој официјално почна вчера. Момците на Зарков и Марковски, најдоцна родени до 2000 година, го добија првиот меч со домашниот Волос со 23:19 со водство во текот на целиот натпревар.

Цветаноски: „Мојот избор е Пелистер„


ПОТВРДЕНО ДЕКА ПЕЛИСТЕР ПРВОТО ЗАСИЛУВАЊЕ ЌЕ ГО ДОБИЕ ВО ИСКУСНИОТ ДЕЈАН ЦВЕТАНОСКИ
Бившиот фудбалер на Напредок и Хоризонт Турново, Дејан Цветаноски најави дека го избрал Пелистер за продолжување на кариерата. Во изјава за „Македонски спорт„ поливалентниот фудбалер вели дека штом не заминал во странство Пелистер му бил прв избор:

Првата контролка за Пелистер в недела против Младост Царев двор

КАКО ШТО ЈА ЗАВРШИЈА ПРЕТХОДНАТА СЕЗОНА, ПЕЛИСТЕРЦИ ЌЕ ЈА ПОЧНАТ НОВАТА
По една недела тренинзи зад нас овие денови фудбалерите на Драган Бочевски ќе имаат двојна тренинг сесија и в недела од 18 часот под Тумбе кафе ќе го одиграат првиот контролен натпревар против новиот второлигаш Младост Царев двор.

5. 7. 2014.

Цветаноски и Петрески од понеделник стануваат пелистерци

НАРЕДНАТА НЕДЕЛА БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ ТРЕБА ДА ГИ ДОБИЕ ПРВИТЕ ЗАСИЛУВАЊА ЗА НОВАТА СЕЗОНА
Двајца искусни фудбалери наредната недела треба да го стават својот потпис на договорот со битолски Пелистер. Дејан Цветаноски кој настапуваше за Хоризонт Турново и Напредок и Влатко Петрески од Победа ги договорија личните услови и за неколку дена треба да станат нови членови на битолскиот прволигаш.

3. 7. 2014.

Пелистер тргнува на 5 август со буџет од 300.000 евра

ДЕФИНИРАНИ ДЕТАЛИТЕ ОКОЛУ НОВАТА СЕЗОНА НА РК ПЕЛИСТЕР
Некогашната ракометна гордост на Битола и на Македонија, РК Пелистер ги утврди деталите за патешествието во новата сезона. На денешниот состанок на раководството на клубот и спонзорот Силјан Мицевски, утврдено е дека клубот ќе располага со буџет од 250.000 до 300.000 евра идната сезона.

Ѓорѓи Мојсов, нов член на Ренова


ЧЕТВРТО ЗАМИНУВАЊЕ ОД ПЕЛИСТЕР НА ДОМАШЕН ФУДБАЛЕР. КАВАДАРЧАНЕЦОТ МОЈСОВ ПРОДОЛЖУВА МЕЃУ „ГИПСАРИТЕ„
Искусниот 29 годишен фудбалер за врска Ѓорѓи Мојсов одлучи да ја прифати понудата на Ренова, за која ќе игра во наредниот шампионат. И покрај понудата за нов договор со Пелистер, кавадарчанецот се одлучи за нов предизвик и по Вардар, Хоризонт Турново Работнички и Пелистер ќе го носи дресот на „гипсарите„.

2. 7. 2014.

Васко Димитровски пред потпис со Зомимак

БИТОЛСКАТА КОЛОНИЈА ВО СТРУМИЦА ЌЕ ДОБИЕ УШТЕ ЕДЕН ЧЛЕН
Искусниот ракометар на Пелистер, кој во последните две сезони ја носеше и капитенската трака, 31 годишниот Васко Димитровски се наоѓа пред заминување од битолскиот суперлигаш.

1. 7. 2014.

И од Србија Илиевски се врати со место на подиумот

ТРАЕ ФАНТАСТИЧНАТА СЕЗОНА ВО ИСТОЧНО-ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОНАТ НА ХРИСТИЈАН  ИЛИЕВСКИ
На трката која викендов се возеше во Голобаре во Србија, македонскиот мото-крос возач Христијан Илиевски пак се искачи на подиумот. Битолчанецот пристигна во Глобаре со цел да ја намали разликата во генералниот пласман од водечкиот Радута, но и да ја зголеми во однос на третопласираниот Тотев.

29. 6. 2014.

Филип Гачевски потпиша за Брегалница

БИВШИОТ МЛАДИНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН ГОЛМАН ОД АВСТРИЈА СЕ ВРАТИ ВО МАКЕДОНИЈА
Бившиот младински репрезентативец на Македонија, битолчанецот Филип Гачевски во новиот шампионат на Македонија ќе го брани голот на Брегалница од Штип. Гачевски кој е роден во Мурска Собота, минатата сезона ги бранеше боите на австрискиот Капфенберг, а претходно настапуваше и за Луштенау и словенечката екипа Мура.

28. 6. 2014.

Пелистер конечно „ги запали моторите„

БИТОЛЧАНИ МЕЃУ ПОСЛЕДНИТЕ ПРВОЛИГАШИ ГИ ЗАПОЧНАА ЛЕТНИТЕ ПОДГОТОВКИ
По четири дневно одлагање Пелистер ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона под водство на Драган Бочевски. И покрај големиот притисок и шпекулациите за менување на клубскиот сопственик, клубот до вториот јавен повик останува во рацете на општина Битола која ќе продолжи да се грижи за битолскиот прволигаш се до моментот кога ќе го предаде клубот во подобри „раце„

Уште двајца битолчани во Царев двор

НОВИ ЗВЕЗДЕНИ ЗАСИЛУВАЊА НА ВТОРОЛИГАШОТ ОД ЦАРЕВ ДВОР
Во своето прво учество во Втората лига, екипата на Царев двор која ги елиминира Зајас и Победа на патот до оваа категорија, не сопира со засилувања. Денес официјализира уште два фудбалери со „дебело„ прволигашко искуство.

27. 6. 2014.

Пашовски и Мојсов ќе добијат нови договори

ПО СЕРИЈАТА ЗАМИНУВАЊАТА, ВО ПЕЛИСТЕР ПОТВРДА ЗА ОСТАНУВАЊЕ НА ДВАЈЦА ИСКУСНИ ПРВОТИМЦИ

Во очекување на денешниот почеток на подготовките за новата натпреварувачка сезона, Пелистер и натаму исчекува кој ќе биде новиот сопственик на клубот. Но напоредно мора да се обиде да го задржи постоечкиот играчки кадар, откако заминаа бугарските интернационалци и Петар Љамчевски и Христијан Драгарски.

26. 6. 2014.

Брдаровски заминува во Полска или Португалија

УШТЕ ЕДЕН БИТОЛСКИ ФУДБАЛЕР НА ИЗЛЕЗНА ВРАТА ОД ПОД ТУМБЕ КАФЕ
Потенцијалниот македонски репрезенативец Владица Брдаровски е последниот од низата фудбалери на Пелистер кој се наоѓа пред излезна врата од клубот. Имено според информациите кои тој ни ги достави до неговиот менаџер стигнале понуди од клубови од Полска и Португалија и до крајот на овој месец ќе се знае дали по втор пат ќе пронајде меѓународен ангажман или не.

Констанца на Шундовски со одлична ждрепка за влез во Лигата на шампионите

ПОЗНАТИ ГРУПИТЕ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО РАКОМЕТНАТА ЛИГА НА ШАМПИОНИ
Познати се трите квалификациски групи за пласман во машката Лига на шампионите, по денешната ждрепка екипата на Констанца од Романија предводена од македонскиот тренер Звонко Шундовски, како и на нашиот интернационаец Бранислав Ангеловски, се наоѓаат во групата 3 заедно со Хаслум (Норвешка), Бешикташ (Турција) и Хаселт (Белгија).

25. 6. 2014.

Одложена прозивката под Тумбе кафе

ПРОБЛЕМОТ СО ПРОДАЖБАТА НА КЛУБОТ ГЛАВНА ПРИЧИНА ЗА ЧЕТИРИ ДНЕВНОТО ПОМЕСТУВАЊЕ НА ПРВИОТ ТРЕНИНГ ВО НОВАТА СЕЗОНА 
Откако во текот на денешниот ден не беше донесена било каква одлука околу продажбата на клубот, прозивката на сениорската екипа беше одложена за в сабота попладне.

Ѓорѓи Силјанов апелира да не се шпекулира со неговото име при продажбата

БИВШИОТ СПОНЗОР НА ПЕЛИСТЕР НЕЗАДОВОЛЕН ШТО НЕГОВОТО ИМЕ СЕ СПОМНУВА ВО НЕГАТИВНА КОНОТАЦИЈА ПРИ ПРОДАЖБАТА НА КЛУБОТ
Спонзорот на Пелистер во последната сезона и човекот кој беше дел од европскиот Пелистер пред шест сезони, Ѓорѓи Силјанов - Монголот порача да не се шпекулира со неговото име при било која комбинација околу продажбата на клубот.

Никој не го сака Пелистер, напротив има многу кои ја „саботираат„ продажбата

МНОГУ ШПЕКУЛАЦИИ, НО НА КРАЈ НИТУ ЕДНА ПОНУДА ЗА КУПУВАЊЕ НА БИТОЛСКИОТ КЛУБ
Проблемите на ФК Пелистер како да немаат крај. Ниту една официјална понуда за превземање на битолскиот фудбалски прволигаш Пелистер не стигнала на адресата на оптшина Битола, која денеска до 13 часот даде рок за сите заинтересирани страни.

Турски Бешикташ го купува ФК Пелистер!

ДОЈДЕ ДЕНОТ НА ОДЛУКА КОЈ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ СОПСТВЕНИК НА ФК ПЕЛИСТЕР
Денес од 14 часот во општина Битола јавно ќе се отворат понудите кои пристигнаа на адреса на единствениот акционер за купување на ФК Пелистер. Неофицијално има неколку писмени понуди кои од минатата недела пристигнале во општината, а рокот за доставување на понуди ќе биде затворен заклучно со 13 часот.