Powered By Blogger

23. 9. 2014.

Против Работнички без калкулирање

КАЈ БИТОЛЧАНИ СЕУШТЕ „ПЕЧАТ КУП РАНИТЕ„ ОД РАБОТНИЧКИ ОД МИНАТАТА СЕЗОНА
Во клима на задоволство за сработеното и освоените 14 бода и неизвесност што сеуште не се решила иднината на клубот и веќе четврт месец процесот на продажба на Пелистер не доживува кулминација, пелистерци го чекаат Куп мечот со освојувачот Работнички.

Фудбалерите на Пелистер задоволни од средбата во општината: Одлука во најкраток можен рок


НАЈАВЕНАТА СРЕДБА НА ФУДБАЛЕРИТЕ СО ПРЕТСАВНИЦИ НА ОПШТИНАТА ДОНЕСЕ ОПТИМИСТИЧКИ ЧЕКОР
По вчерашното соопштение во кое фудбалерите и стручниот штаб на Пелистер денес бараа средба со претставници на општината, денес до најавената средба дојде, но не на стадионот под Тумбе кафе пред попладневниот тренинг, туку во канцелариите на општината.

Христијан Илиоски: „Победувам, но до кога вака„


ПО ПОБЕДАТА ВО ПРИЛЕП, БИТОЛСКИОТ МОТО ШАМПИОН ЈАВНО ПРОГОВОРИ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВА
Битолскиот мото-крос феномен Христијан Илиоски уште еднаш беше брилијантен и победи на трката од источно-европскиот шампионат во Лагово крај Прилеп. Но до кога вака.

По фудбалот и ракометот, на општинска врата тропа и КК Пелистер


ЕГЗИСТЕНЦИЈАТА НА КК ПЕЛИСТЕР НАРЕДНА КОЈА ЌЕ ТРЕБА ДА ЈА РЕШИ ОПШТИНА БИТОЛА
Деновиве спортот е главна тема во Битола и тоа главно заради проблемите и беспарицата на клубовите. Се гледа крајот на четири месечната сага околу продажбата на ФК Пелистер и треба само уште комисијата за спорт и градоначалникот да ја изберат подобрата понуда, а ги има две.

Фудбалерите на Пелистер децидни: „Ова веќе не се издржува„

ТРПЕНИЕТО НА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР Е ПРИ САМИОТ КРАЈ
Иако беше најавена разрешница на сагата околу купувањето на ФК Пелистер, од новиот сопственик „Тумбе кафе“ ни трага ни глас. Во целава оваа ситуација збунети се и самите фудбалери како и членовите на стручниот штаб, кои преку соопштение до медиумите побараа итна средба со надлежните од Општина Битола од која бараат информации од прва рака за новонастанатата ситуација.

22. 9. 2014.

Иднината на ФК Пелистер во рацете на градоначалникот


ЕКИПАТА ИГРА ОДЛИЧНО, А КЛУБОТ СЕ БЛИЖИ ДО РАЗВРСКА ОКОЛУ САГАТА ЗА ПРОДАЖБА
На вонредна седница на советот на општина Битола вчера беше изгласано овластување градоначалникот на општина Битола да ја избере најповолната понуда и да го продаде клубот. Одолговлекувањето трае од почетокот на јуни, а веројатно полека се гледа крајот. Официјални понуди за купување на клубот доставиле компанијата Цермат и битолските компании ЗИК Пелагонија и Пелистерка.

Станојковски и Богоевска победници на пинг-понгарскиот опен


БИТОЛА ОРГАНИЗАТОР НА СИЛЕН ТУРНИР ВО ПИНГ-ПОНГ
Во организација на ППК Мултитекс и болницата „Плодност„ овој викенд во Битола се одржа отворен турнир во пинг-понг на кој учествуваа најдобрите натпреварувачи од нашата земја.

21. 9. 2014.

Реми од страв на двете екипи да не загубат

БЕЗ МНОГУ ЗРЕЛИ ШАНСИ И СИЛЕН РИТАМ, ПЕЛИСТЕР И ШКЕНДИЈА СЕ ЗАДОВОЛИЈА СО РЕМИ ПОД ТУМБЕ КАФЕ
Прва фудбалска лига - 8 коло

Пелистер - Шкендија 0:0

Градски стадион под Тумбе кафе. Гледачи:  1000
Главен судија: Димитар Мечкаровски
Асистенти: Дејан Неделковски и Гоце Петревски (сите од Скопје)
Делегат: Ацо Алексоски (Прилеп)
Стрелци: нема
Жолти картони: Ступиќ, Крстески (Пелистер), Положани, Имери, Усеини, Бојку (Шкендија)
Црвени картон: нема

Берое и Спировски го освоија и Пловдив

ВО БУГАРСКИОТ ФУДБАЛ ПРОДОЛЖУВААТ ПОБЕДИТЕ НА БЕРОЕ И ПОРАЗИТЕ НА СЛАВИЈА
Продолжува позитивната серија на Берое во бугарската прва лига. Екипата на македонскиот репрезентативец Стефан Спировски славеше на гостувањето кај Локомотив во Пловдив со 0:3 со головите на Костадинов, Керхар и Христов.

20. 9. 2014.

Скоро 50 минути водство, но на крај пораз во Ресен за пелистерци

ПЕЛИСТЕР СО ПОРАЗ ВО РЕСЕН ЈА ПОЧНА НОВАТА ВИП СУПЕР ЛИГА
Преспа - Пелистер 24:23 (9:11)

Пелистер:
Нечков, Јовановски, Крстевски, Димитровски, Ивановски, Дрогришки, Кузмановски, Рајатовски, Талевски, Вељановски, Гаревски

Ивановски и Клуж се искачија на врвот на романската лига

45 ДЕНА КЛУЖ ВО ПОЗИТИВЕН ПЕРИОД НЕ ЗНАЕ ЗА ПОРАЗ И СТИГНА И ДО ВРВОТ НА РОМАНСКАТА ЛИГА
Позитивниот момент на Мирко Ивановски и на Клуж во романската прва лига продолжува. Младиот македонски напаѓач одигра 77 минути во победата на Клуж кај Отелул Галати со 0:1 со голот на Таде во 44 минута. Ивановски одигра одличен меч по левата страна и имаше неколку убави потези, а заработи и жолт картон во 23 минута.

Два битолски таленти на пробен период во Борусија Дортмунд

СО САМО 11 ГОДИНИ ДВЕ МОМЧИЊА ОД БИТОЛСКИТЕ ПРИВАТНИ ШКОЛИ НА ТЕСТ ВО БОРУСИЈА ДОРТМУНД
Двајца битолски фудбалски надежи, 11 годишните Никола Димитровски и Кристијан Тасески ќе имаат можност повторно да ги покажат своите потенцијали во Германија.

Кобна 90 минута за Вождовац на „Карабурма„

ПРОДОЛЖУВА КРИЗАТА ВО ТАБОРОТ НА ВОЖДОВАЦ ВО СРПСКАТА ЈЕЛЕН СУПЕР ЛИГА
И по шестото коло од српската Јелен Супер лига, екипата на Вождовац каде настапува Томе Китановски е закована за дното без ниту еден освоен бод. И кога беше на прагот да го освои првиот, прими гол во 93 минута на „Карабурма„ против ОФК Београд и бодовите ги освоија домаќините.

19. 9. 2014.

Пелистер без потценување, но и без преценување кон Шкендија

ПРОТИВ ШКЕНДИЈА ПЕЛИСТЕРЦИ ИМААТ ВИСТИНСКИ ТЕСТ НА ВРЕДНОСТИТЕ ОВАА ЕСЕН
Доаѓањето на Шкендија под Тумбе кафе е вистински тест за фудбалерите на Пелистер, кои минуваат позитивен период и по поразот од Металург во Битола во третото коло, поврзаа 4 меча без пораз и освоија 10 бода од можните бода.

18. 9. 2014.

Илиоски и Костов пак одлични во источноевропскиот шампионат

ПАК БЛИСКУ ДО ПРВОТО МЕСТО И ЗА ДВАЈЦАТА БИТОЛСКИ МОТОКРОС ШАМПИОНИ 
По одржувањето трката на патеката кај градот Тројан (Бугарија), двајцата битолски мотокросисти  Христијан Илиоски и Борче Костов само ги потврдија своите пласмани во конкуренција на најдобрите возачи од источна Европа.

Пелистер еден месец без тренерот Секуловски

ФФМ ГИ ИЗРЕЧЕ КАЗНИТЕ НА ИСКЛУЧЕНИТЕ ФУДБАЛЕРИ И ТРЕНЕРИ ЗА МИНАТИТЕ ДВЕ КОЛА
Дисциплинската комисија го суспендира тренерот на Пелистер, Марјан Секуловски со еден месец поради исклучувањето на кормиларот пред крајот на мечот со Силекс во Кратово (1:1), кога тренерот на битолчани поради навреди кон помошникот беше отстранет во 89 минута.

16. 9. 2014.

Во дебито на Б екипата, Пелистер поразен од Работнички

ЗА ПРВ ПАТ ВО НАШАТА ЗЕМЈА ОРГАНИЗИРАН ШАМПИОНАТОТ НА ВТОРИТЕ ЕКИПИ
Започна првиот шампионат на Македонија на Б тимовите, а битолски Пелистер во 1 коло загуби во Скопје од Работнички. „Романтичарите“ со минимални 1:0 ги совладаа битолчани благодарение на голот на Чурлинов кој погоди во 70 минута.

Двајца црногорци пристигнаа во Битола за потпис со Пелистер

НОВА СМЕНА НА ПЛАНОВИТЕ ОКОЛУ ЗАСИЛУВАЊАТА ВО РК ПЕЛИСТЕР
Иако пред две недели Пелистер ги договори сите детали и се чекаше само официјализација на трансферите на Мисовски, Чавор и Златко Мојсоски настана голем пресврт во клубската структура.

Битолското дерби за ХЈС Работник

ПОЧНАА ДА СЕ ИГРААТ ПРВИТЕ КОНТРОЛНИТЕ МЕЧЕВИ ВО ПРЕДСЕЗОНАТА
ХЈС Работник - Феникс 30:29

Се наближува стартот на новата ракометна сезона и во Супер и во Првата лига и започнуваат контролните мечеви на екипите од Битола. Двата ново пријавени прволигаши ХЈС Работник и Феникс одиграа одличен тест.

И сред клубска „бура„ Пелистер го склопи мозаикот

ПО ТРИ ПОБЕДИ НА ПОСЛЕДНИТЕ ЧЕТИРИ СРЕДБИ, ПЕЛИСТЕР КАКО И МИНАТАТА ЕСЕН ГО БРКА ЕПИТЕТОТ ИЗНЕНАДУВАЊЕ НА ПОЧЕТОКОТ НА СЕЗОНАТА
Пред две недели кога Пелистер во судиското надополнување прими гол во Кратово и загуби два бода, работите не изгледаа најдобро за момците на Секуловски. Ремито ги однесе повредениот Марковски и казнетиот Трајковски, клубот и натаму не го решил статусот околу продажбата, а фудбалерите бараат привремена управа. Но на теренот пелистерци се однесуваат и играат како да го даваат најдоброто од себе. Против Тетекс и без неколку првотимци, зелените покажаа квалитет, добар пристап и жртвување за клубските бои.

15. 9. 2014.

Левски ја продлабочи кризата на Славија, Ристевски пак стандарден

И СО НОВИОТ ШЕФ НА СТРУКАТА СЛАВИЈА НЕ ЗАПИРА СО ПОРАЗИТЕ ВО БУГАРСКАТА ЛИГА
Ниту со новиот тренер екипата на Славија од Софија не успеа да ја сопре негативната серија. Не беше ниту лесно на гостувањето кај Левски, кој во вториот дел го скрши отпорот на екипата на Кире Ристевски. По 0:0 на одморот, во вториот дел „плавите„ го скршија отпорот на Славија и со головите на Прохаска во 85 и Анете во 90 минута ги освоија сите три бода.

14. 9. 2014.

Најубедливиот Пелистер оваа сезона пресилен за Тетекс

ЧЕТВРТА ПОБЕДА ОВАА СЕЗОНА ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР И СКОК НА ВТОРОТО МЕСТО НА ТАБЕЛАТА
Прва фудбалска лига - 7 - коло

Пелистер - Тетекс 3:0 (2:0)

Градски стадион под Тумбе кафе. Гледачи: 1000
Главен судија: Стојанче Стојанов
Асистенти: Никола Караколов и Сашо Иванов (сите од Штип)
Делегат: Ванчо Митров (Струмица)
Стрелци: Љамчевски во 26, Ступиќ во 30 и Ристевски во 65 минута за Пелистер
Жолти картони: Тодоровски, Степановски (Пелистер), а Адем, Мишовски, Кралевски, Ристовски (Тетекс)
Црвени картон: нема

Берое ниже победи, Вождовац тоне, а Мехелен најубедлив сезонава

КАКО ИГРААТ БИТОЛСКИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ ШИРУМ ЕВРОПА
Берое е вистински хит во бугарската лига и реди победи. Во мечот од осмото коло во Стара Загора екипата на Стефан Спировски го совлада Марек со 4:0, а битолчанецот одигра 22 минута. Со хет-трикот на Христов и еден гол на Ајас, зелените лесно се справија со Марек. Со 15 бода Берое е втор со два бода помалку од лидерот ЦСКА Софија.

Клуж и Мирко Ивановски немаа милост кон Астра

СО ПОБЕДАТА ПРОТИВ НЕГОВИОТ БИВШ КЛУБ, ИВАНОВСКИ И КЛУЖ ИЗБИЈА НА ВТОРОТО МЕСТО ВО РОМАНСКАТА ЛИГА
Мирко Ивановски полека го наоѓа своето место во новиот Клуж. По првиот гол во новиот дрес на пријателскиот меч со Шахтар Доњецк, битолчанецот одигра скоро половина час и го дотолчи својот поранешен клуб Астра Плоешти. Клуж славеше со 4:1, а Ивановски влезе во игра на местото на Јаколис во 62 минута при 2:1.

13. 9. 2014.

Нови Пазар и Канатларовски изненадувачки се разделија

ПО ДВА ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ПОРАЗИ, БИТОЛЧАНЕЦОТ НЕ Е ПОВЕЌЕ ТРЕНЕР НА НОВИ ПАЗАР
Според информациите на српските медиуми, управниот одбор на Нови Пазар решил да му врачи отказ на битолчанецот Драган Канатларовски по поразот пред своите навивачи од Младост Лучани со 1:2, откако екипата загуби и во претходното коло од ОФК Београд. Канатларовски на почетокот од оваа сезона дојде на тренерската позиција во Нови Пазар, откако минатата година го водеше Спартак Суботица.