Како и што се
шпекулираше веќе неколку дена, хрватскиот кружен напаѓач. Петар Топиќ потпиша
двегодишен договор со Пелистер. Тоа значи враќање во Македонија на бившиот
ракометар на Металург и големо засилување на битолскиот суперлигаш.
23. 7. 2015.
22. 7. 2015.
Маневски го смени клубот на Тајланд
БИТОЛСКИОТ НАПАЃАЧ ГО СМЕНИ КЛУБОТ, НО ОСТАНУВА НА ТАЈЛАНД
Битолчанецот, Борче Маневски кариерата ќе ка продолжи во
второлигашот од Тајланд, Трат. Откако не успеа да се избори за соодветна
минутажа во Чаинат, 30 годишниот Маневски потпиша за екипата која е на
последната позиција во второлигашката конкуренција на Тајланд.
21. 7. 2015.
Косовски противник за ЖРК Пелистер
АНОНИМЕН ПРОТИВНИК ЗА ЖРК ПЕЛИСТЕР ВО ВТОРОТО КОЛО НА ЧЕЛИНЏ КУПОТ
Ракометарките на
ЖРК Пелистер го дознаа противникот за второто коло на Челинџ Купот, кое ќе се
игра во ноември. Тие ќе се сретнат во двомеч со косовската екипа Шкипоња, со
тоа што првиот меч ќе се игра во Битола, а возвратниот на Косово. Добра ждрепка
имаа и останатите македонски клубови и во машка и во женска конкуренција.
20. 7. 2015.
Пивотмен висок 204 сантиметри се договори со Пелистер
ПОЗНАТ ХРВАТСКИ ПИВОТМЕН ЌЕ ГО ОБЛЕЧЕ ЗЕЛЕНИОТ ДРЕС
Петар Топиќ се наоѓа пред потпис со битолски Пелистер.
Недостига само целосна докуменатција, а личните услови со ракометарот се веќе
договорени. Во текот на неделата се очекува негово доаѓање во Битола на потпис
на договорот, кој клубот од под Пелистер, инсистира да биде на две години.
Дрогришки доби нов засилен договор и капитенска трака во Пелистер
СРЕДБА СО НОВИНАРИТЕ И ОТКРИВАЊЕ НА ПЛАНОВИТЕ ЗА СЕЗОНАТА НА РК ПЕЛИСТЕР
На официјална средба
со новинарите, новиот раководечки тим
на Пелистер ги претстави плановите за
новата сезона и обелодени во која насока
ќе се движи преодниот рок на битолскиот
суперлигаш. Главната вест беше одлуката
младинскиот репрезентативец на
Македонија, Стефан Дрогришки да го
продолжи договорот со клубот.
18. 7. 2015.
Митревски потпиша, наскоро доаѓа искусен кружен напаѓач
СЕ НАЗИРААТ НОВИ ЗАСИЛУВАЊА ВО РК ПЕЛИСТЕР
16. 7. 2015.
Стефановски започна со голман: Арсиќ од денес „зелено-бел„
ПО ДЕСЕТИНА ДЕНА ПРЕГОВОРИ, НОВИОТ РАКОВОДЕЧКИ ТИМ НА РК ПЕЛИСТЕР ГО ДОНЕСЕ ПРВОТО НОВО ИМЕ
Симболично,
Стевче Стефановски кој своевремено беше успешен голман, првото засилување во
Пелистер откако дојде на функцијата координатор во клубот, го донесе на
голманската позиција. 26 годишниот србин Игор Арсиќ попладнево пристигна во
Битола и го стави потписот на двегодишен договор со битолскиот суперлигаш.
15. 7. 2015.
Од Аранџеловац до Лондон, можните европски противници на ЖРК Пелистер
НА ЕДНА НЕДЕЛА ДО ЖДРЕПКАТА, ЖРК ПЕЛИСТЕР ГИ ЗНАЕ ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ ПРОТИВНИЦИ
ЖРК Пелистер има некаква слика за своите противници во
првото коло на Челинџ Купот. Девојките на Борче Марковски се во групата
со Лондон Ејнџелс (ГБР), ХИФК (Финска), Ајдовчина (Словенија), Заглебје
(Полска), Књаз Милош (Србија), Шулер (Холандија) и Винтертур (Швајцарија).
13. 7. 2015.
Ацески стрелец, Пелистер подобар од Металург, реми во вториот тест
РЕМИ И ВО ВТОРИОТ ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧ СО ПРВОЛИГАШ ЗА НОВИОТ ПЕЛИСТЕР НА ЗОРАН ШТЕРЈОВСКИ
Пелистер -
Металург 1:1 (1:0)
Во вториот
пријателски натпревар во подготовките за новата сезона, Пелистер пак одигра
1:1, овој пат против Металург во Охрид. Битолчани поведоа со голот на Нове
Ацески од пенал кој го изнуди младиот Недановски во 45 минута, а скопјани
израмнија преку Додовски во 67 минута.
12. 7. 2015.
„Стево Патако„ за прв пат ќе игра во Купот на шампионите!
ГОЛЕМ ПОДВИГ НА БИТОЛСКИОТ ШАХОВСКИ КЛУБ КОЈ ЌЕ НАСТАПИ НА КУПОТ НА ШАМПИОНИТЕ ВО СКОПЈЕ ОВАА ЕСЕН
Бордот на Европската шаховска унија пред неколку месеци донесе одлука организатор на Европскиот клупски куп во шах во 2015 година да биде Скопје, поточно општината Карпош, а во техничка организација на ШК „Гамбит Асеко Сее„.
Бордот на Европската шаховска унија пред неколку месеци донесе одлука организатор на Европскиот клупски куп во шах во 2015 година да биде Скопје, поточно општината Карпош, а во техничка организација на ШК „Гамбит Асеко Сее„.
11. 7. 2015.
9. 7. 2015.
Пелистерци заминаа во Струга на централните подготовки за сезоната
МОМЦИТЕ НА ЗОРАН ШТЕРЈОВСКИ ВО СТРУГА ЌЕ ЈА ПОДИГААТ ФОРМАТА ПРЕД ВТОРОЛИГАШКОТО ДЕБИ
Од денес
фудбалерите на Пелистер се во Струга, каде ќе ја минат втората фаза од летните
подготовки за сезоната 2015/16. Момците на Зоран Штерјовски ќе минат 12 дена во
градот крај „Црн Дрим„ и ќе одиграат четири контролни натпревари. Нивна база ќе
биде хотелот „Галеб„ а ќе тренираат на стадионот на Караорман.
7. 7. 2015.
6. 7. 2015.
5. 7. 2015.
Борбено реми на соседите во Битола
СО ОДЛИЧЕН ТЕСТ ПОД ТУМБЕ КАФЕ, ПЕЛИСТЕР И МЛАДОСТ ЦАРЕВ ДВОР ЈА ЗАПОЧНАА СЕРИЈАТА НА ТЕСТОВИ
Пријателски меч:
Пелистер -
Младост Царев двор 1:1 (0:0)
Терен со вештачка
трева „Павел Шатев„ - Битола. Гледачи: 200
Главен судија:
Никола Магловски
Асистенти: Златко
Лозановски и Пеце Кичевски (сите од Битола)
Стрелци:
Трифуновски во 73 минута за Пелистер, а Илиоски во 48 минута за Младост Царве
двор
Жолти картони:
Лазаревски (Младост Царев двор)
Црвени картони:
Симјановски во 68 минута (Младост Царев двор)
3. 7. 2015.
В недела првиот тест, големи дилеми околу теренот за домаќинство
ПЕЛИСТЕР ПО 10 ДЕНА ТРЕНИНЗИ, В НЕДЕЛА ЌЕ ГО ИГРА ПРВИОТ ТЕСТ ПРЕД БИТОЛСКАТА ПУБЛИКА
В недела од 17
часот на теренот со вештачка трева „Павел Шатев„ во Битола, новиот Пелистер на
Зоран Штерјовски ќе го има првиот контролен натпревар против новиот прволигаш,
Младост Царев двор. Битолчани ќе можат да ги претстават засилувањата Додевски,
Главевски, Ацевски и Димитроски и по 10 дена тренинзи следува првиот тест пред
заминувањето во Струга на 12 дневни подготовки.
1. 7. 2015.
Стефановски: „Почнуваме процес за трајна изградба на Пелистер„
ОФИЦИЈАЛНА ПРОМОЦИЈА НА НОВИОТ РК ПЕЛИСТЕР СО ОПШТИНА БИТОЛА КАКО ЕДИНСТВЕН АКЦИОНЕР
РК Пелистер од Битола од неодамна стана акционерско друштво,
каде 100 процентен сопственик или акционер е општината Битола. Сите долгови кои
клубот ги имаше, општината ги подмири и со тоа како и досега останува целосно
да го финансира клубот. „Историски наназад,
најголеми резултати во спортот имал РК Пелистер.
Ивановски стрелец за Видеотон во тестот против Зорја
БИТОЛЧАНЕЦОТ СТРЕЛЕЦ ВО ТЕСТ МЕЧ НА УНГАРСКИОТ ПРВАК
Напаѓачот на Видеотон, Мирко Ивановски постигна гол на
дуелот со Зорја и придонесе за победата на неговиот тим од 2:1 Битолчанецот
продолжува со добрите игри за Видеотон и во текот на подготовките за настапот
во квалификациите во Лигата на Шампионите.
Пријавите се на:
Постови (Atom)






















