22.05.2015.

Тоскоски и Митевски со трофеи заработија нови договори со Аполдер

УСПЕСИ И НОВИ ДОГОВОРИ ЗА БИВШИТЕ ПЕЛИСТЕРЦИ ВО ГЕРМАНИЈА
И втората сезона во Германија во третолигашот Аполдер е успешна за македонските ракометари Игор Тоскоски и Васко Митевски. Тие го освоија шампионатот и Купот во областа Турингер и со тоа клубот од наредната година ќе се натпреварува во Мител Оберлигата.
Двајцата се носители во клубот и затоа заработија нови договори и наредната сезона ќе играат за Аполдер. Претходно двајцата го носеа дресот на Пелистер, а голманот настапуваше и во Грција. 

Нема коментара:

Постави коментар