25.05.2015.

Брдаровски го напушти унгарскиот Ѓер

БИТОЛЧАНЕЦОТ ЗАМИНА ОД УНГАРИЈА ПО САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ
Битолчанецот Владица Брдаровски го напушти унгарскиот Ѓер на истекот од договорот. Тој имаше краток договор со унгарските зелено-бели, па сега ќе мора да побара нова средина.
Брдаровски во својата кариера претходно настапуваше уште за Пелистер, Брно и Работнички, а има и две средби за македонската фудбалска репрезентација. Оваа сезона за Ѓер, Брдаровски одигра 11 мечеви во првенството, а тимот обезбеди опстанок во најсилната лига на Унгарија.

Нема коментара:

Постави коментар