Powered By Blogger

12. 5. 2015.

Кико доби нов мотор и веќе се навикнува на него

БИТОЛСКИОТ МОТОКРОС ФЕНОМЕН, КИКО ИЛИОСКИ КОНЕЧНО ИМА ПРОСТОР ЗА НАСМЕВКА И ЗАДОВОЛСТВО
Македонскиот мотокрос возач Христијан Илиоски се закити со првата победа во првата „ендуро“ трка на која што настапи во Источно-европското првенство, а која минатиот викенд се одржа во Костур, Грција. Тој откако доби нов мотор, веднаш одговори со најдобар резултат и значајни бодови во борбата за титулата.
Веднаш потоа Кико имаше тест трка во Птолемаида и е задоволен од трката: „ На трката во Птолемоида го освоив четвртото место во генералниот пласман. Добар тренинг, а воедно привикнување на новата Јамаха. Добив мотор со напредна технологија. Најважно е што видов што ми е потребно, најмногу му требаат амортизирин мотор и друга потребна опрема за нивото на возач како мене. Тие финеси во доработка се важни и пресудни за успех во ова современо време на развој на технологијата, која сите елитни возачи ја имааат. Тука исто можев да видам колку услови за работа се потребни за да се совлада конкуренцијата ,а исто и малку тренинг со моторот или плус уште некоја трка за да ми легне новиот мотор„ заклучи Илиоски.

Нема коментара:

Постави коментар