Powered By Blogger

7. 5. 2015.

Битолчани воодушевени од видео-презентацијата на Здравко Дејановиќ

МАКЕДОНСКИОТ АЛПИНИСТ ЗДРАВКО ДЕЈАНОВИЌ, ДЕНОВИВЕ ГОСТИН НА ПСГ „ПЕЛИСТЕР„
Македонскиот алпинист кој неодамна ја освои Анапурна, Здравко Дејановиќ деновиве е гостин во Битола на предавање како дел од манифестациите кои му претходат на традиционалниот Пелистерски марш - Димитар Илиевски Мурато, кој го организира ПСК „Пелистер„.
Малата сала на Центарот за култура беше претесна да ги прими сите заинтересирани за видео-презентацијата на Дејановиќ, во која детално ги објасни сите детали, подготовката и самото искачување на Анапурна. Дејановиќ неколку часа беше достапен за дружење и прашања на вљубениците во планината и алпинизмот, а нив во Битола ги има во изобилство.
Дејановиќ кој неколку пати претходно беше гостин на оваа манифестација, повторно го потенцираше успехот на Димитар Илиевски – Мурато, кој во едно друго време се искачи на Монт Еверест и го развиори македонското знаме. Маршот во чест на Димитар Илиевски - Мурато ќе се одржи в сабота на Пелистер.

Нема коментара:

Постави коментар