Powered By Blogger

21. 5. 2015.

Ференцварош ја спречи двојната круна на Видеотон и Ивановски

БИТОЛЧАНЕЦОТ НЕ НАСТАПИ, А ВИДЕОТОН ГО ЗАГУБИ ФИНАЛЕТО НА КУПОТ ОД ФЕРЕНЦВАРОШ
Мирко Ивановски не успеа да ја освои двојната круна во унгарскиот фудбал, бидејќи неговиот Видеотон кој супер убедливо го освои првенството, во финалето во Будимпешта загуби од второ пласираниот Ференцварош со 0:4.
Стрелци на головите за победничките зелени беа Варга во 53, Батик во 60, Лама во 69 и автогол на Солноки во 86 минута. Мирко Ивановски не доби шанса и мечот го одгледа од клупата. Видеотон наредната сезона ќе игра во квалификациите од Лигата на шампионите, вклучувајќи се од второто коло. 

Нема коментара:

Постави коментар